Триесет милиони евра, пари обезбедени од Европската Унија, ќе бидат инвестирани во развојот на пограничните региони на Бугарија и Македонија во следните 7 години.

Објавил: admin@magazin | 22 септември, 2021 7:07

За прекугранична соработка Македонија – Бугарија 30 милиони евра од ЕУ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Меѓу приоритетните проекти е изградбата на новиот граничен премин „Клепало“ помеѓу општините Берово и Струмјани!

Триесет милиони евра, пари обезбедени од Европската Унија, ќе бидат инвестирани во развојот на пограничните региони на Бугарија и Македонија во следните 7 години.

Средствата се во рамките на Програмата за прекугранична соработка „Интеррег“, со која управува бугарското Министерството за регионален развој и јавни работи. Заменик-министерот Захари Христов вели дека инвестициите ќе бидат насочени кон развој на чиста и зелена околина, одржлив туризам и поддршка на конкурентноста во пограничниот регион.

Меѓу приоритетните проекти е изградбата на новиот граничен премин „Клепало“ помеѓу општините Струмјани и Берово.

Бугарскиот министер вели дека благодарение на програмата „Интеррег“, во последните 20 години е обновен изгледот на пограничните населени места на двете земји. Обезбеден е соодветен пристап до природните знаменитости, обновени се античките тврдини и цркви, а помогнати се и локалните културни, образовни и спортски центри да развијат активни содржини. Според него, она што досега е направено придонело за позитивна промена во односите меѓу двата народа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.