ДУИ само го сакаат зборот "реформи", примената им е непозната материја и тешко им оди, па поддржаа "бајато" предлог законско решение

Објавил: Мирко Бачиќ | 4 септември, 2018 9:19

За Села предлог законот за основно образование не е реформски

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Нацрт законот за основно образование кој се уште не е ниту во парламентарна процедура не содржи никави новина.

Ова го истакна раководителот на одделот за образование во Алијансата за Албанците Екрем Исмаили на денешната прес конференција во Тетово.

– Овој предлог закон е уште порестриктивен и наместо да нуди просперитет уште повеќе ја има деградирано оваа важна сфера во општеството со тенденција за централизација на образовниот процес.

Тука наместо градоначалникот да има автономија во креирањето на образовните политики во општината владата се обидува преку разни мерки да се преземаат ингеренциите и да му се оневозможува управувањето како што е случајот со општина Гостивар, истакна Исмаили.

Според оваа партија, новиот предлог закон за основно образование е копија на стариот закон со една површинска шминка што вклучува многу нејаснотии и носи конфузија во врска со овалстувањата на органите што управуваат, раководат и контролираа определени потсистеми во севкупниот образовен систем.

Ова според Исмаили особено се однесува на вертикалното продолжување на ингеренциите на управните органи и нивното испреплетување и мешање со ингеренциите на управниот и раководниот орган, Советот на општината, градоначалникот, Бирото за развој на образованието, министерството за образование и надлежниот министер.

Тој обвини, без да посочи повеќе детали, дека во пресрет на новата школска година министерството за образование и наука склучило договор во четири очи со фирма од Тетово во вредност од 5,3 милиони евра надвор од било која постапка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Образование

„Основците добиваат нови учебници и помошни наставни материјали, значително е модернизирана настава во средното образование, со многу нови дуални паралелки и компании партнери на училиштата“, вели Јетон Шаќири, министер за образование.

Сите предмети во една книга – учебната година почна, учебници нема

Вака изгледа привремениот „учебник“ за петто одделение. Четири во едно,  македонски...

„Со оваа одлука се утврдува дека бројот на наставните денови во тековната учебна година во средните училишта изнесува 146 наставни денови, односно дека нема продолжување на учебната година“, велат од Владата.

Нема продолжување на учебната година

Владата на Република Македонија на денешната редовна 44 седница ја донесе Одлуката...

Согласно овие предлози, Владата донесе заклучок според кој престануваат да важат сите рестриктивни мерки, освен задолжително носење заштитни маски во здравтсвените установи, аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи!

МТСП: Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи! Владата на Република...

МОН потсетува дека во периодот од 20ти до 30ти, односно 31ви во секој месец е отворена можноста за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за сите оние студенти кои претходно не ги исполнувале условите, или од било какви причини не аплицирале.

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади корисници на ова право

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади...