За српските туристи бесплатен паркинг и попусти во Дојран!

Објавил: Перо Милчин | 16 април, 2021 5:33

За српските туристи бесплатен паркинг и попусти во Дојран

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Дојранскиот градоначалник Анго Ангов и директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот Љупчо Јаневски, договорија летово српските туристи во Дојран да добијат попусти во туристичко угостителските објекти и бесплатен паркинг, пренесе Сител!

Договорена е и засилена промоција на Дојран како туристичка дестинација во регионот за да се искористат можностите од транзитниот туризам со реализација на повеќе од 150.000 ноќевања годинава.

Овој гест следува како одговор на наедамнешната донација од Србија која на земјава и донираше антиковид вакцини во вредност од околу 700.000 евра.

– Целта е со овој гест да возвратиме на хуманоста и солидарноста од Србија,но и да им помогнеме на домашните туристички работници кои периодов се во криза како и со олеснувањата да дадеме придонес српските туристи да не ја одминат Македонија како туристичка дестинација, велат Ангов и Јаневски. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Одмор

Во периодот јануари-август Албанија забележа рекорден број од 7. 190. 410 туристи што е 27 осто повеќе споредено со истиот период 2022 година.

Во Албанија за осум месеци рекорден број од околу 7,2 милиони туристи

Албанија во изминатите осум месеци од годинава забележа рекорден број од околу 7,2 милиони...

Монако е име на државата и на единствениот град во државата. Оваа држава е позната по ниските даноци, па така богати странци сочинуваат околу 84% од населението.

МОНАКО – земјата со најмногу милијардери!

Монако е популарно живеалиште кај милијардерите, па така земјата стана водечка во...