Во 2020 година популацијата на Македонија ќе се намали за 2.088 жители,

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 април, 2019 11:05

За сто години во државава ќе има 28,78 отсто помалку Македонци

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Проекцијата на ОН за бројот на жители кои ќе живеат во Македонија воопшто не е оптимистичка. Нашата држава се наоѓа некаде на врвот заедно со уште 30. земји кои според проекцијата на ОН, ќе доживеат најголемо опаѓање на населението,објави порталот Факултети.мк.

Трендот на иселување висококвалификувана работна сила продолжува. Поради тоа што одамна се нема спроведено попис не може да се одреди со сигурност точниот број на иселени Македонци     Фото: НОВА МАКЕДОНИЈА

На оваа листа Македонија, е на 24. место а во проекцијата стои дека во 2020 година популацијата на Македонија ќе се намали за 2.088 жители, а во 2100 за 1.487 жители. Тоа се околу 28,78 отсто од вкупниот број на население. Според последните податоци од ОН  до сега од Македонија се иселени се иселени 25 отсто од популацијата. Во 2015 година Македонија имала историски максимум на иселување, споредено со 2000 година но трендот на иселување висококвалификувана работна сила продолжува.

На врвот се наоѓа Молдавија, како земја со најголемо намалување на населението, а во 2020 година во оваа земја бројот на популацијата ќе се преполови за 53,84 отсто. На второ место е Бугарија со 50,52 отсто, а на трето место е Босна и Херцеговина со 48,94 отсто.

Според оваа листа од земјите во регионот население ќе изгуби и Србија, која според проекцијата, во 2100 година ќе има 38,5 отсто помалку жители, Хрватска – 37,2 отсто и Црна Гора – 30,2 отсто.

Според ОН, најголем пораст на населението се предвидува во африканските држави. Така, се предвидува дека бројот на жители во Нигер во 2100 година ќе биде поголем за 761 отсто и дека ќе порасне од сегашните 24 милиони на 209 милиони.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести