Денеска од кабинетот на претседателот ја потврдија информацијата и соопштија дека шефот на државата утре во Вила Водно ќе биде домаќин на средба на лидерите на парламентарните политички партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА, Беса, Алтернатива и Алијанса за Албанците.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 март, 2020 16:21

ЗА УТРЕ ЗАКАЖАНА ЛИДЕРСКА СРЕДБА: Ќе се одлучува за евентуално одложување на изборите!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото курир.мк

Претседателот на државата, Стево Пендаровски денеска за МИА потврди дека утре е свикана лидерска средба на која ќе се разговара за можното одложување на изборите.

Денеска од кабинетот на претседателот ја потврдија информацијата и соопштија дека шефот на државата утре во Вила Водно ќе биде домаќин на средба на лидерите на парламентарните политички партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА, Беса, Алтернатива и Алијанса за Албанците.

Денеска и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека најдобро е во оваа ситуација да бидат одложени изборите, за да се заштитат граѓаните.

Претседателот Пендаровски свикува лидерска средба со една точка на дневниот ред – можност за одложување на парламентарните избори закажани на 12 април 2020.

Датумот за избори беше договорен од лидерите на партиите на средбата која Пендаровски ја организираше во октомври 2019 година по одржувањето на самитот на Европскиот совет.

Од Кабинетот на Пендаровски посочуваат дека на средбата ќе присуствуваат и претседателот на Собранието Талат Џафери и претседателот на Владата Оливер Спасовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.