Во текот на празничниот продолжен викенд (31.12/3.1) Министерството за внатрешни работи спроведе засилени контроли за санкционирање на сообраќајните прекршоци.

Објавил: Владо Марин | 4 јануари, 2021 19:27

За четири дена 1571 санкции за пребрзо возење!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

За четири дена 1571 санкции за пребрзо возење!

Во текот на празничниот продолжен викенд (31.12/3.1) Министерството за внатрешни работи спроведе засилени контроли за санкционирање на сообраќајните прекршоци.
 
За четири дена се изречени 2987 мерки, од кои за возење со поголема брзина од дозволеното 1571, возење под дејство на алкохол 205, нерегистрирани возила 150 и 243 за возење без возачка дозвола. 
 
Кај санкционираните за пребрзо возење, дури 100 возачи возеле со брзина од над 70 километри на час над пропишаната, а 250 возачи возеле од 50 до 70 километри на час побрзо од пропишаната брзина. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените контроли и во наредниот период.
 
Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и зааеднички да придонесеме за безбедност на улиците и патиштата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...