Државниот обвинител контра законот ?

Објавил: Узунов Бобан | 13 септември, 2019 14:13

За Јовески не е важен законот, битно за него е дека судиите ги прифатиле бомбите како докази !

Фото/Текст извор: ©магазин

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески вели дека до крајот на денот ќе заврши процесот на преземање на предметите од СЈО во неговото обвинителство, а веќе од следната недела ќе утврдуваат за секој предмет поединечно кој обвинител ќе го застапува. Одговарајќи на новинарско прашање, Јовески кажа дека планираат да ги користат бомбите како докази, бидејќи во предметите кои се во фаза на судење, судовите веќе ги прифатиле како докази.

„Ги преземаме предметите во фаза на судење, истрага и предистрага. Судовите веќе ги прифатија бомбите како докази и ние ќе ги користиме како докази во натамошните постапки. Разбирам дека одбраната може да има поинакво гледање на нивната валидност, но ќе оставиме на судовите да донесат соодветна одлука во секоја постапка“, изјави Јовески за преземените предмети од СЈО.

За иднината на обвинителите од СЈО, Јовески кажа дека тоа е во надлежност на Советот на јавни обвинители.

„Сите обвинители кои се во СЈО, односно полномошници на специјалниот обвинител, нивните функции од обвинителствата од кои дошле мируваат. Имаат такви решенија и прашањето за извршување на нивна функција е во надлежност на Советот на јавни обвинители и очекувам Советот на јавни обвинители во најскоро време да го реши нивниот статус“, рече Јовески по обраќањето на почетокот на твининг проект за зајакнување на истражните центри.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.