Џафери со обраќање по повод 115 години од Илинденското востание и 74 години од Првото заседание на АСНОМ

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 август, 2018 12:19

За Џафери двата Илиндена се исто што и Референдумот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Или ќе продолжиме напред или ќе заглавиме на слепиот балкански колосек е пораката која Талат Џафери ја упати денес од Скопје по повод одбележувањето на двата Илиндена повикувајќи на Референдум.

Од пред споменикот на Ченто кој беше претседател на АСНОМ а од 1945-та година и прв претседател на Президиумот на Народното Собрание – Џафери рече дека во овие 27 години самостојност Македонија поминала многу премрежија и кризи но оти заедно успеавме да ги надминеме и да одиме напред.

“Илинден е еден од темелните датуми во историјата на Република Македонија и нејзините граѓани кои имале една единствена цел – слободна – независна држава во која почитувањето на човековите права и слободи ќе биде подеднакво за сите без разлика на нивната етничка – верска или која било друга карактеристика – истакна Талат Џафери – кој по повод националниот празник се обрати пред споменикот на Методија Андонов – Ченто – поставен во центарот на Скопје.

Џафери посочи на поддршката од мнозинството граѓани за целосна интеграција во НАТО и ЕУ и ја повика опозицијата и сите граѓани да го поддржат исполнувањето на Договорот со Грција за името.

“Веќе е добиена поканата за полноправно членство во НАТО и имаме конкретен датум за почеток на преговорите за полноправно членство во Европската Унија – потсети Џафери споменувајќи дека за ова ни помогнале нашите пријатели и стратешки партнери од меѓународната заедница а дали ќе продолжиме напред кон евроатланското интегрирање на земјата или пак ќе заглавиме на слепиот балкански колосек кој не не води никаде е наш избор.” – истакна Џафери.

Џафери не ја пропушти шансата да внесе и политика во историскиот настан.

“Оттука ја повикуваме и опозицијата да преземе дел од одговорноста која што и припаѓа за иднината на државата и граѓаните. Затоа – денеска кога ги одбележуваме двата илиндена и кога изразуваме неизмерна почит и благодарност до сите илинденци – би сакал од ова место да апелирам до сите граѓани на Република Македонија – до сите лидери на политичките партии и до сите мои колеги пратеници од мнозинството и опозицијата – да бидат вистински одговорни и визионерски и со моќта на својот глас да го поддржат исполнувањето на Договорот со кој ќе се исполни стратешката цел – членство во ЕУ и НАТО.” – рече Џафери.

Претходно цвеќе беше положено и на спомениците на АСНОМ во “Жена парк” и на споменикот на Никола Карев пред Собранието на Република Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Илинден

Претседателот Иванов на централната манифестација во Крушево со јасни пораки и за Илинден и за политичката криза која се создаде со Договот за промена на името

Иванов: “Судбината на Македонија е во рацете на самите Македонци!”

Не го прифаќам грчкиот договор кој е на штета на македонскиот национален...