вторник, 23 април 2024

MK/ EN/ DE



Како што посочи доктор Микиќ, амбулантски се прегледани уште шест пациенти и се упатени на домашно лекување.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 април, 2019 15:33

За 24 часа четири нови лица со морбили примени на болничко лекување

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

За само 24 часа четири новозаболени лица од морбили. Од прегледани 10 пациенти со клинична слика на морбили вкупно четири се примени на болничко лекување.

Доктор Владимир Микиќ, претставник од Комисијата за заразни болести, изјави дека меѓу хоспитализираните лица има и едно вакцинирано дете на 8 годишна возраст од село Илинден од Скопје, и три невакцинирани лица. Се работи за едногодишно дете од Чаир, невакциниран 45-годишник од Студеничани и невакцинирано осуммесечно дете од Студеничани. 

Епидемија на морбили е прогласена на цела територија на Македонија.Ваков заклучок е донесен по состанокот на Комисијата за заразни болести, со цел да се спречи понатамошното ширење на малите сипаници.

Како што посочи доктор Микиќ, амбулантски се прегледани уште шест пациенти и се упатени на домашно лекување.

– Меѓу нив имаме невакцинирано осуммесечно дете од Тетово, 41-годинишник од Тетово без податок за вакцинирање, 40-годишник од Гостивар за преглед и три пациенти од Скопје, од кои двајца се возрасни, вакцинирани со полесна клиничка слика и осумгодишно дете од Сарај вакцинирано, рече Микиќ.

Докторот изјави дека во моментот на Инфективната клиника има вкупно 36 хоспитализирани пациенти, од кои 19 се возрасни и 17 се деца. Пред неполни две недели беше прогласена епидемија на морбили на цела територија на Македонија.

Ваков заклучок беше донесен по состанокот на Комисијата за заразни болести, со цел да се спречи понатамошното ширење на малите сипаници. Беше назначено дека ниедно невакцинирино дете нема да биде примено во градинка, а предложено е минималната возраст за вакцинирање да се намали од 12 на 6 месеци.   

Мерките опфаќаат и задолжително вакцинирање со две дози на сите здраствени работници во земјава. За епидемијата на морбили во Македонија е извесетена и Светската Здравствена Организација.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.