Никогаш во животот не покажа разочарување, насмевката и беше заштитен знак. Многу му се радуваше на внучето, беше посветена мајка и сопруга.

Објавил: admin@magazin | 23 мај, 2020 15:07

ЗБОГУМ ЗАСЕКОГАШ АНГЕЛУ: Загина возејќи мопед удирајќи во бетонска ограда!

Фото/Текст извор: ©фокус/магазин.мк

Емилија беше прекрасна личност, жена посветена на семејството, на ќерката и синот, на внучето кое го доби од нејзината ќерка. Му се радуваше на животот, ја веселеа малите работи, уживаше во времето минато со семејството и пријателите. Да, таа беше среќна личност – вака за „Фокус” раскажува Наташа Накова, прва братучеда на Динева, жената чие срце и бубрези се донираа, откако го изгуби животот во сообраќајна несреќа.

Вели дека Емилија, која по потекло е од Јосифово, а со семејството долги години живеела во Стар Дојран, секогаш и била блиска, како сестра. Загубата тешко ја поднело цело семејство, но ги тешела помислата дека спасиле три животи.

-Не можам да најдам зборови за да ја опишам нашата Емче. Никогаш во животот не покажа разочарување, насмевката и беше заштитен знак. Многу му се радуваше на внучето, беше посветена мајка и сопруга.

Работеше во кафеаната Боеми во Дојран, во кујната. Тој кобен ден, кога се случи несреќата, таа со мопедот тргнала на работа. Удрила во бетонска ограда, била отфрлена неколку метри. За жал, поради тешко крварење во мозокот, беше четири дена во кома. На сите ни е многу тешко, но семејството собра сили и одлучи таа да биде донор, да се спасат животи на луѓе… Горди сме на одлуката. Секогаш во мислите и срцата ќе ни остане нејзиниот насмеан лик – вели Накова.

Ноќеска на Клиниката за кардиохирургија во државниот Клинички центар во Скопје се изведе првата трансплантација на срце во Република Македонија, која заврши со позитивен исход!

И градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, во разговор за ,,Фокус” изрази сочувство до семејството Диневи и порача дека треба да се подигне јавната свест кога е донирањето на органи во прашање.

-Диневи се мои соседи, горд сум што го познавам ова хумано семејство, горд сум што баш од нашата општина го имаме првиот донор на срце во земјава. Ќе сториме се за да се запомни големината на овие луѓе – порача тој.

Првата трансплантација на срце во земјава ја работеа мешан тим кардиохирурзи, врвни експерти од повеќе здравствени установи меѓу кои и проф. д-р Сашко Јовев од државната кардиохирургија и д-р Жан Митрев од „Жан Митрев Клиник“!

Проф. Д-р Николиќ и д-р Димче Славески од Аџибадем Систина дел од тимот што ја изведуваа првата трансплантација на срце во земјава!

Професор д-р Александар Николиќ кардиохирург од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и шефот на Одделот за анестезија д-р Димче Славески, специјалист по анестезиологија со реаниматологија од „Аџибадем Систина“ беа дел од тимот доктори кардиохирурзи и анестезиолози кои ја правеа првата трансплантација на срце во земјава, која беше изведена ноќеска на Клиниката за кардиохирургија во државниот Клинички центар.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam