На самото место е починато 18-годишното момче, две на возраст од 17 и 18 години се прнесени во штипската клиничка болница, а две момчиња се во болницата во Пробиштип.

Објавил: Весна Петровска | 7 август, 2019 12:39

ЗГАСНА МЛАД ЖИВОТ НА ПАТИШТАТА: Страшна сообраќајна несреќа кај Пробиштип

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Уште една трагедија ја потресе Македонија, на патиштата низ земјава згасна уште еден млад живот.

Министерството за внатрешни работи информира дека се случила сообраќајна несреќа кај Пробиштип и дека во неа има жртви.

Загина 18-годишно момче, а четири се повредени во сообраќајка на патот Пробиштип-Крупиште

– Во тешка сообраќајна несреќа што се случила утринава на регионалниот пат Пробиштип-Круиште во близина на селото Бучиште, на самото место загина 18-годишно момче со иницијали В.Ј. од Кочани, кое управувало со автомобил марка „сеад толедо“ со кочански регистарски таблички. Во возилото имало уште четворица сопатници на возраст од 18 и едно на возраст од 17 години кои се повредени, од кои двајца се со тешки телесни повреди.

Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова вели дека според првичните информации на терен, несреќата е пријавена утринава во 4:25 часот, а се случила откако возачот изгубил контрола над возилото по што излетало од коловозот.

На самото место е починато 18-годишното момче, две на возраст од 17 и 18 години се прнесени во штипската клиничка болница, а две момчиња се во болницата во Пробиштип.

Портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска вели дека едното од момчињата е со тешки телесни повреди на главата, извршена е интервенција од страна на неврохирург и се наоѓа во шок соба, а второто момче е со повреди на белите дробови и е сместено на Одделението за хирургија.

Извршен е увид на местото на несреќата од страна на истражните органи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Несреќа

„Возачот беше свесен. Видов дека неговата приколка почна да се ниша. Изгледаше прилично грдо“, изјавил очевидец за хрватските медиуми.

УШТЕ ЕДНА НЕСРЕЌА: Во Хрватска се преврте македонски камион

Македонски камион за пренос на автомобили се преврте на автопат во Хрватска, а возачот...

Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предвреме ја напуштија свеченоста за Илинден во Крушево и се упатија кон Кочани, градот што доцна попладнево го зафати пожарот што му се закануваше речиси цел ден.

Владата апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја

Владата на Република Македонија апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските...