Со овие препораки Владата ги задолжи сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и АД во државна сопственост, како и на Единиците на локална самоуправа да ја намалат употребата на службените возила до 50 проценти и да обезбедат

Објавил: Перо Милчин | 24 декември, 2022 12:26

Зголемено загадување на воздухот во Скопје, Кичево, Кавадарци и Струмица

Фото/Текст извор: ©р.с европа

Скопје е на листата на десетте најзагадени градови во светот, која секојденвно ја објавува „IQair.com“.

Главниот град на земјава денеска е на осмата позиција според загаденоста на воздухот. Утрово, според листата, во Скопје се измерени се измерени 170 микрограми на кубен метар ПМ 2,5 честички.

На прво место е Дубаи, а потоа следат Лахоре и Делхи. Во првите десет места нема ниту еден град од Европа. Од соседството главниот град на Приштина, Косово е на 13 место.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање денеска информираа дека на мерните места во Скопје во Центар и Лисиче, како и во Кичево, Кавадарци и Струмица регистрирано е надминување на вредноста на загадувачки супстанции од 150 микрограми на кубен метар во текот на два последователни денови, поради што стапуваат на сила препораките и мерките во случај на надминат праг на алармирање.

Согласно овие препораки и мерки, Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Министерството за здравство се должни да препорачаат на сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар, потоа да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11.00 до 17.00 часот, да препорачаат да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено и да обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба.

Со овие препораки Владата ги задолжи сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и АД во државна сопственост, како и на Единиците на локална самоуправа да ја намалат употребата на службените возила до 50 проценти и да обезбедат ограничување на работите на градежните објекти.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести