Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, известува АМСМ!
ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Од 08:30 часот патот Кривогаштани-Крушево (до Гумење) е затворен поради манифестација организирана од ролерски клуб „Тоше Проески“.
Г.П. Илинден – Струга известува дека на ден 31.08.2020 (понеделник), на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – с. Врбјани, помеѓу 12:00 – 15:00 часот, сообраќајот ќе биде во прекин во период од 15 – 20 минути, поради изведување градежни работи на пат (минирање).
Поради поставување на канализациона мрежа во с. Чајле, сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – с. Чегране, ќе се пренасочува по алтернативни патишта.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од држагвата, освен на граничниот премин Ќафасан, каде се бележи зголемена фреквенција, а задржувањата се околу 30 минути.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.