Министерот ги покажа своите работни способности!

Објавил: Владо Марин | 24 февруари, 2020 15:55

ХИТ ВИДЕО: Министерот Трипуновски се качи на трактор и ораше нива

Фото/Текст извор: ©Magazin

Дополнителниот заменик-министер во министерството за земјоделие од ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски при посета во Струмица ги изненади земјоделците и покажа дека знае да работи на нива.

На прашање од земјоделецот дали како технички министер знае да ора и да вози трактор, министерот му одговори дека бил „дете од село“ и дека ги знаел сите земјоделски работи.

„Штом сте орале, штом знаете тија работи да ги работете, ќе ви дозволам да свретете еден круг“ – дополни земјоделецот, по што министерот го направи тоа.

Неодамна Благоја Илиев, градоначалникот на општина Конче од редовите на СДСМ, на својот фејсбук профил објави снимка од средба со дополнителниот заменик-министер за земјоделство, Цветан Трипуновски, која брзо премина во расправија.

При неговата посета на Конче, го поканив Трипуноски да ја посети и нашата општина и заеднички да поразговраме за проблемите на земјоделците, но и за неговите обвинувања кон мојата мајка.

Поканата беше одбиена, но се сретнавме на улица“, се вели во објавата на Илиев каде е поставено и видеото.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.