Силјановска се извини за отсуството и вети дека ќе се дружи со крушевчани во вториот круг на изборите.

Објавил: admin@magazin | 13 април, 2019 9:15

Здравствени проблеми ја спречија Силјановска да „митингува“ во Крушево

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Гордана Силјановска Давкова, кандидатот за претседател на Македонија, го пропушти вчерашниот митинг во Крушево, па ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата го одржа истиот без нејзино присуство.

Професорката на Фејсбук објави дека не можела да присуствува на истиот поради здравствени причини.

Таа им се извини на своите симпатизери и поддржувачи во Крушево што вечерта не можеше да ги удостои со совето присуство во рамките на кампањата за претседателските избори.

„Почитувани, од здравствени причини не бев во можност да бидам присутна на митингот во Илинденско Крушево. Ќе дојдам во вториот круг, ви ветувам“, напиша Силјановска.

Претходно таа беше на митингот во Прилеп.

Јас нема да замолчам пред кршење на меѓународно право и уставното право. Јас ќе ги почитувам двата договори,изјави  Гордана Силјановска Давкова кандидат за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ на втората телевизиска дебата, на МТВ.

Таа го итакна ова во контекст на кажувањата на противкандидатот Пендаровски, кој вели дека таа немала да ги почитува договорите кои ја воделе Македонија напред.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.