Тој убавата вест ја објави на Фејсбук и ја извести јавноста дека ја напуштил Клиниката за инфективни болести. Зекири соопшти дека во домот е заедно со својата сопруга и ќерќичката и дека сите се  живи и здрави.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 јуни, 2020 11:17

Зекири,сопругата и ќерќичката пуштени од болница- го победија коронавирусот!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Мухамед Зекири, потпретседателот на СДСМ кој заедно со својата сопруга и ќерќичката беа пренесени во болница откако имаа покачена температура како последица од Ковид 19, денеска излезе од болница.

Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири на својот фејсбук профил пред речиси две недели ја потврди веста дека е позитивен на корона вирусот заедно со неговата сопруга и тримесечното бебе. 

Тој убавата вест ја објави на Фејсбук и ја извести јавноста дека ја напуштил Клиниката за инфективни болести. Зекири соопшти дека во домот е заедно со својата сопруга и ќерќичката и дека сите се  живи и здрави.

Преку пораката која ја објави на својот Фејсбук профил,  Зекири им се заблагодари на докторите и медицинскиот персонал од Клиникатата кои биле со нив, како што вели, во најтешките времиња и 24 часа во служба на хоспитализираните пациенти.

Зекири порача граѓаните да го сфатат сериозно вирусот, бидејќи само со сериозен пристап кон алармантната ситуација низ која поминува општеството, со свест и совест, може да се спасиме себеси, блиските и други недолжни луѓе.

– Искрено посакувам ниту еден од вас да не мора да помине низ тоа што го поминав јас со моето семејство. Тоа не би му го посакал ниту на мојот најголем непријател. На оние кои и натаму мислат дека вирусот не постои и сѐ уште имаат несериозен пристап кон Ковид-19, сакам да им порачам дека е крајно време да се освестат, напиша Зекири на Фејсбук. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.