Вчера вечер и двете партии еуфорични, и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ прогласија победа

Објавил: admin@magazin | 22 април, 2019 7:35

Зекири: Време е за одговорност на дел од функционерите на СДСМ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пратеникот од СДСМ Мухамед Зекири, по завршување на првиот круг од претседателските избори на кои во тесно водство е кандидатот на владејачката СДСМ, Стево Пендаровски, на социјалните мрежи напиша дека ова е горчлива победа, а резултатот треба да биде поука за сите. Тој истакна дека е дојдено време за одговорност на дел од функционерите од СДСМ како и пензионирање на голем дел од политичката елита на Албанците во државата, пренесува А1Он.

Вчера вечер и двете партии еуфорични, и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ прогласија победа.

Горчлива победа. Резултатот поука за сите нас. Граѓаните знаат да наградат, а и да казнат. Посебна честитка до гласачите Албанци кои дадоа поддршка за Стево Пендаровски, како и за извонредниот резултат и поддршката што ја доби кандидатот Блерим Река! Граѓаните Албанци јасно демонстрираа дека е дојдено време од политичката сцена да се пензионира голем дел од политичката елита на Албанците во Република Северна Македонија!!! Време е и за одговорност и на дел од функционери од нашата СДСМ, напиша Зекири на социјалните мрежи.

Според последните резултати од ДИК, кандидатот Стево Пендаровски е во водство со 323.040 гласови пред Гордана Силјановска Давкова која од преброените гласови досега има освоено 318.535 гласа. Единствениот кандидат Албанец, поддржан од Алијансата на Албанците и Движењето Беса, Блерим Река, освои 79.787 или 10,58 отсто од запишаните гласачи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.