„Талат и ДУИ уште еднаш го покажаа нивното вистинско криминално лице заедно со нивните побратими од ВМРО ДПМНЕ.

Објавил: Владо Марин | 14 февруари, 2020 6:59

ЗЕКИРИ: ДУИ И ВМРО ДПМНЕ ја обновија нивната криминална коалиција- ТИЕ СЕ ПОБРАТИМИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

После прекинувањето на седницата од страна на Претседателот на Собранието Талат Џафери, со реакција се јави и пратеникот на СДСМ Мухамед Зекири:

„Талат и ДУИ уште еднаш го покажаа нивното вистинско криминално лице заедно со нивните побратими од ВМРО ДПМНЕ.
ДУИ И ВМРО ДПМНЕ ја обновија нивната криминална коалиција и коалиција на тесните интереси на одредени кругови во нивните редови.
СРАМОТА, вели Зекири!!!“

Љупчо Николовски од редовите на СДСМ вели дека Македонија нема да биде заложник на партиски и криминални интереси, правната држава и европската иднина се приоритет на граѓаните и за тоа ќе се бориме до последниот атом.

Доколку во Собранието се продолжи со тактизирање и ако на кој било начин се оневозможи гласање на важните закони, а особено Законот за јавно обвинителство, Изборниот законик, Законот за одбрана, разрешувањето на Мизрахи…, во тој случај постои реална можност ние да направиме ново парламентарно мнозинство, а потоа и нова стабилна влада која ќе организира редовни парламентарни избори, пишува Николовски.

Нивните коментари следуваат откако вчера нивните сопартијци открија дека се тактизира околу носењето на Законот за ЈО и дека е можно СДСМ да направи ново мнозинство и да оди на редовни избори.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика