Резултатите објавени од ДИК не се финални и ќе се проверуваат сите записници од сите избирачки места. Победата на Коалицијата МОЖЕМЕ е чиста како солза и разликата со ВМРО ДПМНЕ е најмалку 3 мандата, напиша Зеќири!

Објавил: Владо Марин | 16 јули, 2020 5:10

ЗЕКИРИ: Победата на Коалицијата МОЖЕМЕ е чиста како солза

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

По обработка на околку 75 отсто од податоците СДСМ и коалицијата „Можеме“ на овој кристално чист изборен ден во нашата земја е победник и продолжуваме уште повеќе и уште подобро, рече денеска на прес-конференција генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

– Ја имам таа чест како шеф на Централниот изборен штаб да прогласам победа на мојата СДСМ и на оваа најголема коалиција, рече Николовски и додаде дека по цели 18 години прогласуваат победа на парламентарните избори со сигурно водство во ИЕ 1 од еден со можност за зголемување на бројот на пратениците, со изедначена битка со сигурни десет во третата изборна единица и со водство во ИЕ 6, рече Николовски!

– Граѓаните избраа сигурност и го казнија ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи сакаше да донесе опасност. Се потврдија политиките што ги водевме овие три години, се потврди поддршката на храбрите одлуки што ги носеше Зоран Заев, Владата и коалицијата, но се потврди и нашиот сериозен пристап, тогаш кога на граѓаните им беше најтешко и сега кога се соочуваме со оваа корона криза бидејќи покажавме одговорност, наспроти неодговорноста и деструкитивноста на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, рече Николовски и се заблагодари на граѓаните за поддршката на европскиот концепт што го понудиле. 

Веднаш потоа на социјалните мрежи на победата се заблагодари и потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири!

Ви благодарам на сите за поддршката!!!

Победа!!!

П.С Резултатите објавени од ДИК не се финални и ќе се проверуваат сите записници од сите избирачки места.
Победата на Коалицијата МОЖЕМЕ е чиста како солза и разликата со ВМРО ДПМНЕ е најмалку 3 мандата, напиша Зеќири!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.