Во случајот на Буазизи стануваше збор за данок од неколку долари.

Објавил: admin@magazin | 24 октомври, 2019 19:32

ЗЕКОЛИ: Лидерската средба на Пендаровски треба да ја носи етикетата на бесмисленост на неделата!

Фото/Текст извор: ©dw

Влетавме во најбурниот час на европските тепачки, искористени како боздогани за меѓусебните им раскусурувања. Европскиот сојуз денес повеќе наликува на Дејтонска Унија моделирана според Босна, отколку на Шуманова визија.

Секое време ги носи со себе сопствените диктатори и современите револуционери. Во дваесеттиот век, таа улога ја имаа комунизмот и Јан Палах. На почетокот на овој дваесет и први век, по нивни стапки чекорат неолиберализмот и Мухамед Буазизи, младиот продавач од Тунис, чиј акт на самозапалување беше искра која ќе го запали трансконтиненталниот оган на Арапската пролет.

И токму деновиве, неговото име повторно како бауч кружи над Медитеранот и пошироко. Поради многу евтини причини.
Со исклучок на протестите во Хонг Конг и Барселона, инспирирани од идеолошки и/или етнички неправди, во овој час на глобална сцена се случува епидемија на протести на младите луѓе и средната класа. Кои и покрај географските далечини или етно-културните разлики, во себе имаат неколку мошне интересни и карактеристични ноти на совпаѓање. Без оглед дали станува збор за протестите на Жолтите елеци во Франција, крвавиот бунт во Чиле, демонстрациите во Либан, сите тие протести не еруптираа поради деструктивни макроекономски политики, туку поради буквално ситни центи кои живот значат.
Во случајот на Буазизи стануваше збор за данок од неколку долари.

Гневот на „Жолтите елеци” еруптира поради 15% покачување на цената на дизелот. Капката која ја прели чашата жолч во Чиле беше поскапувањето од цели 0,4 долари за јавниот транспорт. Eксплозијата на гнев во Либан не беше поради енормното презадолжување на владата туку … поради 0,20 долари данок на користење на апликацијата Whats app. И на крај, заедничката спона која ги поврзува сите овие демонстрации – вклучително оние во Каталонија, Хонг Конг и други места – е таа што сите се спонтано започнати и немаат јасно дефиниран лидер, лидерство или водство. Што е феномен сам по себе, како нова форма на постсистемска еволуција, некаков нов вид на политички агностицизам во повој, во која целта и енергијата е преголема за кое било поединечно рамо.
Овие два фактора – евтиниот мотив за протести и одбивањето на лидерството – се не само индикатори дека ножот на нееднаквоста е веќе дојден до коска. Дека бунтот не е веќе за изборување на подобра иднина, туку за гола егзистенција, за преживување. Одбивањето на класичната пирамидална структура на лидер-водство-следбеници како конструкт на секое современо политичко движење е првиот симптом на бунтот против диктатурата на конструктивноста. Олицетворена во ликот на елитите навикнати на еднонасочна експлоатација на конструктивната кроткост на масите. Во таа поделба на улогите, уривањето на неолибералниот експлоататорски конструкт како последица ја има заситеноста на масите од банализираниот аргумент „да се биде конструктивен” користен ту како изговор за поткупување, ту како боздоган за кршење на главите на непослушните.
2.
По секоја логика, лидерската средба во одаите на Стево Пендаровски би требало да ја носи етикетата на бесмисленост на неделата. Настрана разлетаноста на домаќинот кој од една крајност (моноетничка лидерска средба на СДСМ и ВМРО и контрата на ДУИ во Тетово) оди во друга крајност (со покана на четири албански партии, плус наемниот падобранец Мендух).

Самиот преглед на ликови присутни на таа, ахем!, лидерска средба, така ефектно и убедливо ја долови сликата на лидерската криза и вакуум во кој се наоѓа земјата. Во најдобар случај, додај-одземи партиски солдатески, клиентела, администрација, клановштина, теткини и стрикови најмили, композицијата од одаите на Пендаровски беше групировка на луѓе кои – во најдобар случај – може да се сметаат како лидери на едвај топтан 30% од граѓаните.
Дефицитот на домашна популарност ги има приморано речиси сите учесници да се приклонат кон надворешнополитичка компензација за кусокот на сопствени харизми и понуди. Наредени еден до друг, лидерите небаре седеа во сенка на сопствените надежи: еден заљубен во шармантниот Бојко Борисов, другиот послушник на Виктор Орбан, третиот „јаран“ на Еди Рама, четвртиот преспански близнак на Алекс Ципрас, петтиот портпарол на Реџеп Таип, шестиот фан на Албин Курти, седмиот „до смрт” со Рамуш Харадинај. Наредени како во политички постер на „секој има свој фактор”, севкупната атмосфера наликуваше на во паника брзоплето стокмена козметичка интервенција по нокдаунот од Брисел и сознанието дека всушност немаме ни план Б, ни план Ш за тоа како понатаму. Притоа, согласноста околу предвремените избори е најмалку контроверзна димензија на самата средба и изнесените заклучоци.
Најболната и контроверзна димензија на таа и сличните средби е што чекор по чекор, миц-по-миц, ад-хок договарањето полека ја истиснува и девалуизира духовната смисла и демократската процедура на парламентарната демократија. Нема ништо утешно во тоа што со тој пристап ние стануваме составен дел на опасната општа тенденција во регионот, во кој улогата на парламентот е веќе ад акта. Можеби со исклучок на Грција, впечатокот е дека и политиката и општеството на Балканите имаат дигнато раце од каков било обид, надеж или очекување да заживее или се рефакторизира улогата на парламентарната агора во домашните политички расправии и одлуки.

Нашата формула за измислување на „подобра и поконструктивна” опозиција е веќе прифатена и имплементирана во Тирана. Во Приштина улогата на Парламентот е сведена на стадионска „факелијада“ со гасови, во Белград одвреме-навреме ќе слушнеме за некоја реплика Јовановиќ-Шешељ. И толку.
За волја на вистината, состојбите не се воопшто подобри ни во „унијатскиот“ дел на континентот, каде принципот на лидерски средби веќе станува правило, а парламентот исклучок. Почнувајќи од Европскиот парламент, до неретко скандалозните беседи во италијанскиот или германскиот дом. Дали можеби со Брегзит од европската сцена ќе замине и – во моментов – единствената вистинска парламентарна демократија, онаа на Велика Британија, под палка на веќе легендарниот Џон Беркоу?

Велам, вистинската, според мерило на моќ и влијание да се спротивстави и да ја победи сопственатаа Влада.

Нашите лидеришта, сукцесивно и систематски ги денигрираа сите инструменти на системот, сите контролни механизми на општеството. Единствено логично е што по здружената офанзива на убивање на парламентарството, на крај се соочуваат со сопствената политичка смртност.

Со еутаназија на сопствениот авторитет.

Арсим Зеколи!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...