Познатиот колумнист и интелектуалец Арсим Зеколи пишува за најновата афера во Владата

Објавил: Узунов Бобан | 4 јули, 2019 14:46

Зеколи: Просташтвото на Рашковски и пресуди, Владата е падната !

Фото/Текст извор: ©магазин

Познатиот колумнист и интелектуалец Арсим Зеколи во неговата последно објавена колумна “Кој го врати Никола Груевски” за Дојче веле на македонски јазик пишува за најновата афера во Владата. Зеколи смета дека Владата на Заев е падната, во часот кога низ етерот проструија пцостите и џингоизмите на неговата десна рака мислејќи на Драги Рашковски и неговите навреди упатени до Италија и италијанскиот народ како и за ромската заедница во Македонија. 

 

Веќе не се сеќавам дали беше „началничкото” урлање на Мијалков или „циганските уши” на Јанкуловска како директен повод, но добро се сеќавам на тогашната констатација дека во часот кога нивните одвратни гласови затрепереа низ етерот, во тој ист час падна Владата на Никола Груевски. А со неа и она малку од мистичноста на политиката која административната елита ја држи на една или две столици на Нушиќ повисоко од плебсот. Се што следеше потоа беше мачна, агонична претстава во која на Груевски однапред му беше јасен траги-крајот, а на Заев хепи-ендот.   

Треба ли да кажам? Ако веќе инсистирате … Владата на Заев е падната, во часот кога низ етерот проструија пцостите и џингоизмите на негата десна рака. За очекување е што пропагандистите на Заев подмолно се обидуваат да темата околу тендерите ја истакнат и ја развлечат низ бирократски магли полни со „одговорност, процедури, судство” и ја избегнат капиталната тема на анархичната неказнливост во Кабинетот Заев. Не велам дека местењето тендери не е битно. Но во очите на јавноста и ушите на граѓаните, просташтвото на Рашковски е дамокловиот меч кој и пресуди на судбината на Владата, на ист начин како тоа беше случај со Јанкуловска. Се што ќе следи е мачна, агонична претстава во која на Заев однапред му е јасен траги-крајот. Но за кого ќе биде хепи-ендот? За тоа – подоцна.

Како луѓе, родени од грев, вулгарноста е нераскинлива природа на нашето постоење. Која сакаме да ја надминеме, но кон која напати се подлизнуваме во час на анимозен гнев или копулативна присност кон одредена личност. Но, од каде сета оваа поплава на вулгарност кај нашите лидери вперени кон цели групи и народи? Вулгаризација поради која нашиот лидерски crème-de-la-crème се тетерави на граница – или дури под неа – на вулгарноста на обичниот народ. Навредите на Рашковски вперени кон Роми, Италијани и – машала! – цела јужна хемисфера, се само последните од редица искази поради кои мораме сосема легитимно да се запрашаме дали сме водени од најгрозните и најболните меѓу нас? 

Целиот текст може да го прочитате тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.