По изјавата на Зеколи дека ако референдумот не успее тоа ќе е политички крај на Заев, денес со нова, дека референдумот е параван за неуспешната борба со домашниот криминал

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 септември, 2018 15:00

Зеколи: Референдумот ќе пропадне поради клептократите на власт

Фото/Текст извор: ©гугл.ком/магазин.мк

Политичкиот аналитичар Арсим Зеколи на својот Твитер профил, дава многу интересна анализа за претстојниот референдум, како и за заинтересираните страни околу неговиот (не)успех.

“Доколу референдумот не успее, тоа нема да биде поради Русија, Турција, Вануату, национализмот или вегетаријанците, туку поради коруптократите и криминалците спонзорирани од Запад како “вистински модел на Демократи”.

Референдумот не се однесува повеќе на името, неговата цел е спасување на науспешните западни политики во борбата против локалниот криминал. На народот му е премногу од сето ова.” вели Зеколи на својот Твитер профил.

Претходно за интервју за ИБНА, поранешниот амбасадор на Македонија во ОБСЕ, Арсим Зеколи жестоко ги критикуваше реформските политики на СДСМ.

На прашањето дали навистина новата влада напорно работи на реформски план и по препораките на меѓународната заедница Зеколи вели:

“Владата сака да остави впечаток дека работи напорно. Се плашам иако г-дин Заев изјавува дека сака членство во НАТО и ЕУ, тој всушност се обидува да ја зароби државата. СДСМ ќе заврши како ДУИ, партија која се базира на интересите на партијата, корупцијата и некомпетентноста. Како резултат на тоа, меѓународната заедница ќе создаде повеќе пречки на патот на интеграција на земјата во ЕУ и НАТО.”

Зеколи во интервјуто ги критикува и приоритетите на СДСМ и вели дека го копира коалициониот партнер ДУИ. Тој потенцира дека Заев се фокусира на меѓународните прашања, а ги заборава внатрешните проблеми, доколку планот за промена на името пропадне нивните политики ќе бидат целосно неуспешни.

Разликата помеѓу новата влада и онаа на Груевски е тоа што Груевски беше целосно фокусиран на домашните работи, а многу помалку на надворешен план.

Стои и изјавата не Зеколи дека ако референдумот не успее, Заев не треба да си даде оставка поради тоа што ја ветил, туку поради фактот што ја изгубил поддршката на гласачите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.