„Ако немате сила, сила да го затворите небото, дајте ми авиони. Авионите може да бидат и од советскиот сојуз. Зарем тоа не е фер“, рече украинскиот претседател.

Објавил: Мирко Бачиќ | 5 март, 2022 9:14

Зеленски – до западните партнери: „Дајте ми воени авиони“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Украинскиот претседател Владимир Зеленски го повика Западот да и обезбеди на Украина воени авиони, доколку тие не се подготвени да го затворат небото над земјата.

„Ако немате сила, сила да го затворите небото, дајте ми авиони. Авионите може да бидат и од советскиот сојуз. Зарем тоа не е фер“, рече украинскиот претседател.

Руската војска наредила прекин на огнот заради овозможување хуманитарни коридори за украинското пристаниште Мариупол и градот Волноваха. Молкот на оружјето започнува од 8 часот со средноевропско време, за цивилите да можат да ги напуштат опсадените градови, соопштило руското Министерство за одбрана, според новинската агенција Интерфакс.

„Хуманитарните коридори и излезните патишта се координирани со украинската страна“, соопштило Министерството во  Москва.

Градскиот совет на Мариупол најави дека евакуацијата на граѓаните треба да почне во 12 часот по средноевропско време, а  коридорот ќе биде отворен вкупно пет часа. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.