Зборувајќи преку видео врска до Светскиот економски форум, Зеленски рече дека постои потенцијал за изнаоѓање дипломатски излез од конфликтот доколку Путин „ја разбере реалноста“.

Објавил: Мате Парлоф | 27 мај, 2022 16:11

Зеленски: Само директни разговори со Путин за крај на војната во Украина

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ќе биде отворен за преговори со Русија, но само за директни разговори со рускиот претседател Владимир Путин.

Зборувајќи преку видео врска до Светскиот економски форум, Зеленски рече дека постои потенцијал за изнаоѓање дипломатски излез од конфликтот доколку Путин „ја разбере реалноста“.

Зеленски додаде дека првиот чекор кон разговорите со Русија ќе биде руските сили да се повлечат назад на линиите што беа поставени пред Москва да ја започне својата инвазија кон крајот на февруари.

Нема знаци за придвижување кон преговарачки крај на конфликтот во последниве недели, при што двете страни ја обвинуваат другата, дека не е подготвена да се вклучи во разговорите.

Зеленски, исто така, искористи дел од своето обраќање во Давос, за да им изрази сочувство на членовите на семејствата на загинатите во вторникот во масовното пукање во основно училиште во Тексас во САД.

Додека руските сили ја бомбардираа источна Украина, вклучително и Северодоњецк во регионот Луганск, советникот на Зеленски, Михаило Подољак, ги повика странските влади да преземат мерки за да ја притиснат Русија да ги прекине борбите во Украина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.