„Оваа година можно е да има помали приноси доколку не бидат довлно прихранети посевите. Ако природата не сака тогаш може да се дојде до количините на кои се надеваме, но реално е, без ѓубрива, приносите да бидат намалени“ - велат од Асоцијацијата на земјоделци.

Објавил: Рејхан Бајрами | 20 март, 2022 12:41

ЗЕМЈОДЕЛЦИ: ТРОШОЦИТЕ ВО ОДНОС НА ЛАНИ СЕ ЗГОЛЕМЕНИ ЗА 80 ПРОЦЕНТИ

Фото/Текст извор: ©тв 24

Славе Петров од Кочани почна со подготовка на нивите за сеидба. Тој наместо со трактор 44 хектари ора со помош на своите мазги. Станува збор за семејна традиција од преку седум децении. Орањето е потешко и трае подолго, но се намалуваат трошоците. Годинава заштедата во овој дел ќе биде уште поголема поради високите цени на горивата.

Но, тешко дека мазгите на Славе ќе може да го изораат цело кочанско поле бидејќи голем дел од земјоделците велат дека годинава нема да ги стартуваат тракторите. Не им се исплати. Поскапе нафтата, ѓубривата се покачија за над 200 проценти, па пред стартот на сеидбата на оризот многумина се уште прават есап дали воопшто да влезат во нивите.

Прогнозите на земјоделците се дека растот на цените на горивата, ѓубривата и пестицидите за 30 проценти поможе да го намали производството на ориз во Кочанско, но и да се одрази на квалитетот на пченицата, ако поради високите цени земјоделците се одлучат да штедат на прихрана.

„Оваа година можно е да има помали приноси доколку не бидат довлно прихранети посевите. Ако природата не сака тогаш може да се дојде до количините на кои се надеваме, но реално е, без ѓубрива, приносите да бидат намалени“ – велат од Асоцијацијата на земјоделци.

Владата пред неколку дена одобри два милиони евра од интервентниот фонд за исплата на дополнителна субвенција за минерални ѓубрива за производителите на пченица и јачмен, како најзначајни стратешки култури. 

Цените и недостигот од ѓубрива сериозно го погодува земјоделството бидејќи Русија е еден од најголемите производители на клучните состојки во вештачките ѓубрива. Аналитичарите велат дека е можно нормализирање на светскиот пазар само ако во јуни, Кина почне со извоз на фосфати.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Земјоделие

Првиот нацрт-предлог на овој модел содржи раздвојување на плаќањата кои не се поврзани со производството и плаќањата поврзани со производството.

Николовски: Нè очекува тешка зима – ќе се промени новиот модел за субвенции во земјоделството

Нè очекува тешка зима, а следните 2 години ќе бидат уште потешки во однос на обезбедување...

Мемет Синани целиот живот се занимава со земјоделство. Како најстар син во семејството, по смртта на неговиот татко, започнал да го работи семејниот имот во тетовско Камењане. Сади пченка и пченица, но и помали количини грав. Грав би садел и повеќе, ама не можел да најде аргати за берба.

Во земјоделска држава ќе нема кој да ги работи нивите

Македонија произведува многу помалку храна од она што и е потребно. Лошите политики...

Имајќи ја во предвид инвазијата на Русија во Украина и реперкусиите кои што оваа ситуација ги има не само на европските, туку и на светските пазари можам да кажам дека сега живееме во една од најголемите светски економски кризи.

Забранет е извоз на пченката, брашното и маслото

За одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки за заштита на домашниот пазар...

Премиерот Заев на настанот, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа и градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски, посака бериќетна берба и да им донесе радости и задоволство од вложениот труд на овоштарите во текот на целата година!

Заев на „Преспански Јаболкобер 2021”: Ние знаеме да го цениме и вреднуваме трудот на овоштарите

Претседателот на Владата Зоран Заев вчера во Ресен го означи стартот на манифестацијата...