Бившиот потпретседател на Америка Џозеф Бајден има намера да се кандидира за претседател на Америка во 2020 година

Објавил: admin@magazin | 27 април, 2019 17:33

ЗЕМЈОТРЕС ВО БЕЛАТА КУЌА ВО ВАШИНГТОН !

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Шок во Белата куќа во Америка! Џозеф Бајден во трка за претседател на Америка.

Бившиот потпретседател на Америка, Џозеф Бајден има намера да се кандидира за претседател на Америка во 2020 година. Оваа информација пред два дена стигна како земјотрес во Белата куќа во Вашингтон.

Поранешниот американски потпретседател Џозеф Бајден ќе ја задржи јавноста во неизвесност за кандидатурата за американски претседател во 2020 година, иако „Хил“ пишува дека веќе одлучил да влезе во трката за Белата куќа.

Како што пишува сајтот „Хил„ овие информации доаѓаат од конгресмени од Демократската партија. Спрема зборовите од членови на конгресот, Бајден (76) на телефонски разговор на некои од нив, им соопштил дека има намера да се бори за претседателската кандидатура во Демократската партија. Не е сеуште познато кога бившиот потпретседател ќе ја соопшти на јавноста оваа информација.

Веднаш после оваа неофицијална одлука, американскиот претседател Доналд Трамп го исмеа на социјалните мрежи.

Добредојде во трката заспан Џо, напиша Трамп на Твитер во потсмешливата порака за кандидатурата за претседател на демократскиот кандидат Џозеф Бајден.

До сега за изборите за претседател само од редовите на Демократите се пријавени 14 кандидати.

Поранешниот потпретседател на САД , Џозеф Бајден, ја извршуваше оваа функција за време на мандатот на Барак Обама.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести