Турските медиуми јавуваат дека земјотресот бил почувствуван во провинциите околу Анталија, но и во Израел.

Објавил: Рејхан Бајрами | 5 декември, 2020 18:38

Земјотрес од 5,5 степени ја погоди АНТАЛИЈА: Се почуствува и во соседните земји, погледнете ги првите снимки (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Анталија денес и беше регистриран на длабочина од 93,3 километри.

Турските медиуми јавуваат дека земјотресот бил почувствуван во провинциите околу Анталија, но и во Израел.

Засега нема информации дали има повредени во земјотресот.

На почетоков на месец декември земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер ја потресе Турција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (ЕМСЦ).

Потресот се случи во 7 часот и 45 минути.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 20 километри, 22 километри западно од градот Сирт и седум километри северно од Курталан, југоисточна Турција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Земјотрес

Министерството за надворешни работи изразува сочувство за жртвите од катастрофалниот земјотрес што го зафати Мароко со епицентар во провинцијата Ал Хауз, југозападно од Маракеш.

Двајца македонски државјани евакуирани во Мароко по катастрофалниот земјотрес

Двајца македонски државјани се евакуирани и моментално се наоѓаат во камп во Маракеш. Министерството...

Од првичните извештаи на сеизмолозите епицентарот е на длабочина од два километри во близина албанскиот град Клос со магнитуда од 4,8 степени.

Земјотрес почувствуван во Битола, епицентарот е во Албанија

Битолчани, вчера вечер во 22:37 часот почувствуваа земјотрес кој најмногу ги вознемири...

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди централна Италија со епицентар на 64 километри источно од Римини, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Нема информации за жртви.

По првиот удар, неколку помали земјотреси се забележани во централна Италија и во Јадранското Море, недалеку од италијанскиот брег. Земјотресот бил почувствуван и во Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Порталот 24сата.хр наведува дека земјотресот бил почувствуван и на хрватското приморје и во Словенија.

„Креветот се тресе на сите страни, десет секунди имаше силно тресење, галебите вознемирени“, изјави за порталот читател од Задар.

Силен земјотрес во Италија, се почувствувал и во Хрватска

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди централна Италија со епицентар на 64 километри...