Епицентарот бил на 82 километри источно и северо-источно од градот Генерал Сантос на островот Минданао, на длабочина од 120,9 километри!

Објавил: Владо Марин | 6 септември, 2020 20:39

Земјотрес со јачина од 6,3 степени ги погоди Филипините

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала ги погоди денеска Филипините, соопшти американскиот геолошки институт.

Епицентарот бил на 82 километри источно и северо-источно од градот Генерал Сантос на островот Минданао, на длабочина од 120,9 километри!

Филипините имаат умерена тропска клима која се карактеризира со голема влажност и топлина. Филипинскиот архипелаг има три сезони: таг-initили таг-арав ,оваа сезона е сува и многу пријатна сезона која трае од март до мај; дождовната сезона е од јуни до ноември; и таг-lamig, ладно и суво време и трае од декември до февруари.

Од мај до октомври, југозападниот дел на архипелагот е изложен на монсун познат како Хабагат, додека монсунот Амихан е присутен на североисток од ноември до април.

Температурата најчесто се движи од 21 до 32   °C, иако може да биде значително повисока или пониска во зависност од сезоната. Најстуден месец е јануари, додека најтопол месец е мај.

Просечната годишна температура е 26,6   °C. 

Без оглед на географската широчината и должината температурните варијации на нивото на морето се минимални, додека со промената на надморската висина ова не е случај. Просечната годишна температура во Баги, на надморска височина од 1500 метри, изнесува 18,3   °C.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.