Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопшти утрово дека е отворена истрага за Мухамед Зекири кој се сомничи дека сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, со што го оштетил буџетот за речиси 150 илјади евра.

Објавил: Рејхан Бајрами | 8 април, 2022 16:30

Зеќири даде оставка

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По денешното отворање на предметот за истрагата за проневера која е покрената против генералниот секретар на Владата Мухамед Зекири и уште двајца хрватски државјани тој во овој момент преку статус на Фејсбук си поднесе оставка.

-Почитуван претседател на Владата на Република Македонија, г-дин Димитар Ковачевски.

Низ мојот работен век секогаш сум го одбирал вистинскиот пат, патот на чесноста, праведноста и вистината. На овие мои животни вредности сакам да останам доследен.

Затоа, како човек со личен интегритет, ја поднесувам мојата неотповиклива оставка од функцијата Генерален секретар на Владата на Република Македонија.

Верувам во институциите на системот, верувам во правичноста и праведноста и верувам дека вистината ќе излезе на виделина.

На сите институции им стојам на располагање во секое време, за да ја докажам мојата невиност.
Почитуван претседателе, Ви благодарам на укажаната можност да бидам дел од Вашиот владин состав и Ви благодарам што верувате во мојата заложба и посветеност во работата.

Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопшти утрово дека е отворена истрага за Мухамед Зекири кој се сомничи дека сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, со што го оштетил буџетот за речиси 150 илјади евра.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести