Впо емисијата Зекири жестоко ги критукуваше ДУИ. Тој како главен проблем на судските реформи ги обвини токму ДУИ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ и според него по судовите се уште работат луѓе кои се вработени од страна на Муса Џафери, Сашо Мијалков и Блерим Беџети.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 ноември, 2019 11:38

Зеќири: ДУИ се зло за Албанците, не сакам коалиција со нив

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во емисијата Клик Плус на ТВ21 потпретседателот на СДСМ и пратеник Мухамед Зекири изјави дека не ги сака ДУИ во коалиција и дека тие биле најлошото нешто што можело да им се случи на Албанците.

Впо емисијата Зекири жестоко ги критукуваше ДУИ. Тој како главен проблем на судските реформи ги обвини токму ДУИ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ и според него по судовите се уште работат луѓе кои се вработени од страна на Муса Џафери, Сашо Мијалков и Блерим Беџети.

Зеќири го обвини Беџети дека директно вработувал судии и затоа ситуацијата е ваква.

Зеќири го обвини Беџети дека директно вработувал судии и затоа ситуацијата е ваква.

Во емисијата Беџети се вклучи директно во дебата, преку телефонска линија и влезе во остра дебата со Зеќири. Беџети го обвини Зеќири дека работи под диктат на неговиот патрон, мислејќи на претседателот на СДСМ и побара ТВ дуел со Зеќири и Заев.

Инаку пред неполни две недели Зекири по втор пат стапна на лудиот камен и се ожени со прекрасната Бисера која е поранешна директорка на телевизија Алсат-М. Таа е православна, тој муслиман, нешто сосема неважно во современиот свет, но овде кај нас, сепак, сѐ уште табу-тема и потешко разбирливо и прифатливо од добар дел од народот. Во интервју за Фокус  тие раскажаа дека успеале да ги победат сите предрасуди. 

Различностите, убедувањата на нивните блиски луѓе, околностите, сето тоа создало ситуации, кои парот, борејќи се за својата љубов, ги менаџирал, за доброто на сите. Горди се што се избориле за својата љубов и порачуваат дека треба да се следи срцето, оти нештата направени од срце, првин ја менуваат самата личност, а потоа и луѓето околу неа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести