Бисера вели дека во моментот кога со Брзата Помош се движеле накај болницата гледала надвор низ прозорците од возилото, сакала да викне по сите оние кои се несовесни, не ги почитуваат мерките и не носат заштитни маски.

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 јуни, 2020 9:50

ЗЕЌИРИ ИСКРЕНО ЗА КОРОНАВИРУСОТ: Долго ќе ги трпиме последиците, носењето на бебето во болница беше најтешкиот момент!

Фото/Текст извор: ©Дојче веле
 

Пред речиси две недели потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зеќири ја извести јавноста дека р позитивен на коронавирус, заедно со сопругата и нивната тримесечна ќерќа Далиа. Неколку дена подоцна тие беа пренесени во болница а во интервју за Дојче Веле, раскажуваат за битката со вирусот, тешките моменти низ кои минувале и последиците кои болеста ги оставила врз нив и тримесечната ќерка.

Човек не може да не чувствува бес и горчина кога е соочен со неодговорно однесување, особено што јас самиот и со личен пример толку време бев поборник за доследно почитување на мерките. Но, исклучок направив еднаш, со поблиската фамилија, и тоа можеше да го платиме со глава“, вели Мухамед Зеќири.

Последиците од коронавирусот ќе ги лекуваме уште долго. Носењето на бебето во болница беше првиот пресврт и најтешкиот момент, велат тие за Дојче Веле.

Бисера вели дека во моментот кога со Брзата Помош се движеле накај болницата гледала надвор низ прозорците од возилото, сакала да викне по сите оние кои се несовесни, не ги почитуваат мерките и не носат заштитни маски.

Ни испратија Брза помош; во неа тројца маскирани во скафандери како од филмовите за ебола. Едниот само отвора врата внимавајќи по секоја цена да избегне било каков контакт со нас. Останатите остануваат внатре во кабината. 
Додека седев во Брзата помош гледав луѓе на улица, некој ќе го загледа комбето од љубопитност, некој со жалење, ама сите со оној поглед кога мислиш дека тоа само на некој друг му се случува…Одат еден до друг, без маски, па и со деца. Ми доаѓаше да им вриштам да не се глупираат и дека малку треба, токму толку треба за животот одеднаш да ти се движи во непознат правец и да не постои човек кој може да ти каже што може да очекуваш!“

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести