Со тоа се оствари заложбата на СДСМ што повеќе пари да завршуваат назад кај граѓаните и да се подобрува нивниот животен стандард.

Објавил: Перо Милчин | 15 септември, 2019 16:56

Зеќири, Костадинов и Жерновски на пикник во општина Крива Паланка!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зеќири, членот на ИО на СДСМ, Костадин Костадинов и членот на ЦО на СДСМ, Андреј Жерновски денеска присуствуваа на традиционалниот социјалдемократски пикник во комплексот „Трновски ветар“ во општина Крива Паланка.

На повеќе од една година до истекот на мандатот, „Парите кај граѓаните“ еден од петте носечки столбови на програмата на СДСМ од 2016 година, “За живот во Македонија”, е целосно исполнет.

Зеќири, Костадинов и Жерновски го искорстија присуството да зборуваат со граѓаните за повеќе актуелни теми, но и да ги слушнат нивните потреби, коментари и предлози.

Радиодифузната такса е укината, воведена е дневна евтина тарифа на струјата, казните се намалени, воведени се фер даноци и зголемени се субвенциите, а со повратот на 15 отсто од ДДВ, секое семејство добива приход плус на крајот од годината.

Со тоа се оствари заложбата на СДСМ што повеќе пари да завршуваат назад кај граѓаните и да се подобрува нивниот животен стандард. Веќе извесно е дека до крајот на мандатот ќе бидат исполнети целите и од останатите столбови на програмата, како што се минимална плата од 16.000 денари, просечна плата од 30.000 денари, доволно лекови за сите во секое време, дигитални услуги, како и судство и правна држава ослободени од партиски притисоци.

СДСМ останува со граѓаните, продолжуваат непосредните средби на кои се решаваат проблемите и се креираат мерки и политики од интерес на државата и граѓаните се наведува во партиското соопштение.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести