Овие се темел за напредокот на земјата и евентуалното враќање и повторно отворање на овие процеси би биле ретроградни и нема простор за преговори со овие прашања.Мора под итно да почнат преговорите за состав на влада, да се најде заедничка платформа и да се создаде парламентарно мнозинство и да се увери претседателот на државата дека одредените политички субјекти може да бараат мандат.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 јули, 2020 20:20

ЗИБЕРИ: НЕМА ПРОСТОР ЗА ВЛАДИНА КОАЛИЦИЈА БЕЗ ПОЧИТУВАЊЕ НА ОХРИДСКИОТ, ПРЕСПАНСКИОТ И ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Како прв приоритет го издвоивме прашањето на соочување со тешките разорни ефекти од пандемијата на здравствен и економски план. Сакаме да ги зајакнеме капацитетите на здравствен план. Тоа да не биде само морална и техничка поддршка туку и финансиска, не само на градење на капацитети, туку и материјално на луѓето кои први се на штитот од пандемијата, истакна во своето гостување во емисијата Утрински Брифинг, Насер Зибери, кандидатот за премиер од ДУИ.

Господинот Ахмети не ги затвора сите врати, но останува засега на залагање на тоа јас да бидам мандатар. Се разбира дека не се исклучуваат сите опции, впрочем продуктот создавање парламентарно мнозинство е резултат на преговори но неговите аргументи одат во насока јас да бидам мандатар, од причина што претседателот на државата е Македонец, претседателот на Собранието би бил Македонец, многу носители на јавни функции, посочи Зибери.

-Предвидуваме минимална плаа на медицинскиот кадар со средно образование да не биде под 600 евра. Да ги зајакнеме капацитетите на примарното здравство, за помал продор во секундарното и терцијалното здравство. Брза реалокација на средства од Буџетот. Во ребалансот освен ова мора да оди реалокација и во стопанството каде е најпотребно. Брзо враќање на ДДВ кај приватните оператори, да не се чека туку најкасно за 30 дена да им се вратат средствата. Предвидуваме Буџетот да ги алиментира сите барања на приватните оператори кон јавниот сектор.

Тој посочи дека Охридскиот рамковен договор, Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство не смеат да се занемарат.

Овие се темел за напредокот на земјата и евентуалното враќање и повторно отворање на овие процеси би биле ретроградни и нема простор за преговори со овие прашања.Мора под итно да почна преговорите за состав на влада, да се најде заедничка платформа и да се создаде парламентарно мнозинство и да се увери претседателот на државата дека одредените политички субјекти може да бараат мандат. На овој план господинот Ахмети е особено посветен за изборните резултати да се валоризираат и земјата да добие институции кои ќе може да се носат со предизвиците. Секој од субјектите кои ќе се најдат во определбите кои ги напоменав, е добредојден. Сакаме да продолжи соработката за градење перспектива. Ние не исклучуваме ниту еден субјект.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Избори 2020

Груби вели дека нема да дозволат да се вратат назад, без разлика дали се во позиција или во опозиција, па затоа истакна дека не доаѓа во предвид ДУИ да коалицира со Левица.

Груби: Секојдневно контактираме со СДСМ, не доаѓа во предвид коалиција со Левица!

Во интервју за албански „Шчип“,  организацискиот секретар на ДУИ, открива дека...

ДУИ има многу добра положба за преговарање, се согласувам со ставот дека барањето за прв премиер Албанец, не беше ништо повеќе од преговарачки чин на Али Ахмети- рече Богоевски.

Богоевски: Заев може да собере 61 пратеник и без ДУИ!

Поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Павле Богоевски во вчерашното гостување...

Откако ДИК и Управниот суд ги отфрлија нивните приговори и жалби за изборни прекршувања во 5 и 6 изборна единица, главно за полнење на кутии, тие за понеделник најавуваат протестен марш во Скопје.

Таравари: Ако ДУИ дозволи да отвориме една гласачка кутија во Зајас, ќе им ги дадеме сите пратеници!

Арбен Таравари, генералниот секретар на Алијансата за Албанците, во изјава за ТВ 21,...

Тој претходно истакна дека СДСМ, брзаше дури и во време на пандемија да има избори по секоја цена, а сега Заев замина на одмор велејќи дека има време за формирање Влада, и дека за тоа ќе се разговара после 2-ри август. 

Јакимовски: За да ги исполни сите барања на Заев ќе му остане само министерство за екологија

Во вчерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ поранешниот градоначалник на...