Екипите на Градот Скопје и јавните претпријатија веднаш излегоа на терен и ги расчистуваат паднатите гранки и дрвја.

Објавил: Перо Милчин | 2 април, 2020 16:39

Зимските служби на терен: Снегот собори 22 дрвја во Скопје, се санираат скршените гранки!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поради обилните врнежи од снег во текот на изминатото деноноќие на територијата на Скопје се евидентирани вкупно 22 паднати дрвја, од кои 17 се во населени места, а другите 5 дрвја се во Градскиот парк.

Екипите на Градот Скопје и јавните претпријатија веднаш излегоа на терен и ги расчистуваат паднатите гранки и дрвја, а се санираат и скршените гранки коишто висат од дрвјата и претставуваат опасност за минувачите.

Екипите на Градот Скопје и јавните претпријатија веднаш излегоа на терен и ги расчистуваат паднатите гранки и дрвја, а се санираат и скршените гранки коишто висат од дрвјата и претставуваат опасност за минувачите.

Апелираме до граѓаните да бидат внимателни и претпазливи при движењето покрај дрвја и дрворедите, а воедно ги замолуваме за трпение додека траат активностите за расчистување на штетите предизвикани од обилните врнежи на снег, стои во соопштението на град  Скопје.

ПОСТАВЕНИ ЗАШТИТНИ СТОЛПЧИЊА НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА 11 ОКТОМВРИ.

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ деновиве поставија заштитни столпчиња на тротоарот на улицата 11 Октомври на потегот спроти поранешен Тутунски комбинат.

Со поставените столпчиња се става крај на непрописно паркираните возила на овој потег и се овозможува непречено движење за пешаците, соопштува град Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести