Златан Ибрахимовиќ како еден од најдобрите светски фудбалери, доби понуда од италијанската делегација од Милан повторно да заигра за нивниот клуб.

Објавил: admin@magazin | 18 ноември, 2018 16:24

Златан Ибрахимовиќ повторно на терените на САН СИРО ?

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Славниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ изгледа повторно ќе се најде на терените на “Сан Сиро” во Италија и повтроно ќе го носи дресот на Милан.

Ибрахимовиќ е веќе неколку месеци во преговори со делегацијата на клубот и на почетокот на јануари наредната година,тој повторно после 6 години пауза повторно ќе го облече дресот на Милан.

Златан Ибрахимовиќ од јануари наредната година повторно ќе се најде на терените на САН СИРО. После 6 годишна пауза повторно ќе заигра во дресот на Милан.

Тренерот на Милан Генаро Гатузо сака да го донесе повторно Ибрахимовиќ во тимот, бидејќи има големо искуство на играње во серијата А, и тој мисли дека Златан е право решение за неговиот клуб. 37 годишниот Ибрахимовиќ играше за Милан две сезони и во тоа време тој постигна 56 голови и ја освои титулата на серијата А, пред него што направи трансфер во Пари сен Жермен во 2012 година.

Како што е наведено во Италијанските медиуми Златан сака да ја продолжи својата кариера во Милан но има и свои услови кои сака да му бидат исполнети. Тоа е повеќе годишен договор за игра во клубот, меѓутоа Италијанските членови на клубот засега му понудиле само 6 месечен договор и годишна плата од 12 милиони евра, ама со додатни бонуси Ибрахимовиќ може да заработи право богатство.

Исто така Ибрахимовиќ барал да добие за секоја одигран натпревар по милион евра и за секој постигнат гол плус 20 илјади евра.
Останува да видиме и очекуваме дали славниот шведски фудбалер повторно ќе заигра во дресовите на Милан и на теренот на САН СИРО.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Репрезентативците на Марково се вистинско изненадување на ова првенство. За потсетување, тие со својата пожртвувана игра претходно во осминафиналето успеаја да ја елиминираат репрезентацијата на Шпанија.


Фото: EPA-EFE/Ali Haider
Напаѓачот и најголема ѕвезда на Португалците, Кристијано Роналдо и овој меч го започна на клупата за резервни играчи. Во игра влезе во 51. Минута, кога селекторот на Португалија реши да го стави на местото на Рубен Невеш.

Португалија имаше доволно време да израмни, напаѓаше силно, но не успеа да ја затресе мрежата на одличниот голман на Мароканците, Боно.


Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski
Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот од вториот денешен четвртфинален натпревар на Светското првенство во Катар што ќе го играат репрезентациите на Франција и Англија.

Вчера во драматични натпревари, со пресврти за пласман во полуфиналето се изборија репрезентациите на Хрватска и Аргентина кои се првата полуфинална двојка.

Мароко испиша историја: Ја победи Португалија и оди во полуфинале на Светското првенство во Катар

Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот во вториот денешен четвртфинален...

Триумфот го донесе Александар Трајковски. Милевски емотивно заедно со останатите играчи го прослави големиот успех, а има и две причини за радост. Првата е секако победата над Италија, а втората е дека денес (25 март) му е роденден!

Благоја Милевски е роден во 1971 година во Скопје. Полни 51 година, баш заедно со победата над Италија. Селекторе, среќен нека е и само успеси со Македонија!

МАКЕДОНИЈА НАПРАВИ СВЕТСКО ЧУДО: Ја победи Италија на нејзин терен и обезбеди финален бараж за Мундијал!

Македонија ги елиминира европскиот првак Италија среде Палермо и дојде само на еден...