Сите убаво се сеќаваме како сопственици на земјоделски комбинати, млекари, фабрики за кондиторски производи, такси компании, компании кои работат со недвижнини… на Мијалков за беспари му ги продаваа своите удели во нивните фирми. Прво компаниите одеа офшор, за потоа капиталот да заврши во рацете на директорот на УБК.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 август, 2020 9:12

Златев: А да му го преземеме „Мериот“ на Сашо Мијалков?

Фото/Текст извор: ©Лидер.мк

Со двајца криминогени поранешни политичари, со неколку поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ и со десетина вработени во неговите компании, Сашо Мијалков се обидува да ја преземе најголемата опозициска партија.

Иако скоро две години е исклучен од таму, оваа негова цел е легитимна (секој има право нешто да посака) и претставува продолжување на неговата единствена бизнис вештина за која може да држи предавање под наслов – „Насилно преземање на правни субјекти“ пишува Љупчо Златев во својата колумна на Лидер.мк.

За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, како единствен толериран функционер од страна на неговиот братучед, Сашо Мијалков насилно презема десетици успешни компании во земјава.

Сите убаво се сеќаваме како сопственици на земјоделски комбинати, млекари, фабрики за кондиторски производи, такси компании, компании кои работат со недвижнини… на Мијалков за беспари му ги продаваа своите удели во нивните фирми. Прво компаниите одеа офшор, за потоа капиталот да заврши во рацете на директорот на УБК.

Често играше и ќотек. Токму неделава се сретнав со газда на една ваква фирма кој за да ги продаде уделите, беше дури и тепан од насилниците на Мијалков. Го убедував јавно да проговори за тоа низ каков пекол поминал, се надевам дека ќе собере храброст и пред камера ќе каже што му се случило.

Мене мијалковци ме тепаа, ама барем пари не ми земаа… На овие луѓе, целите животи им беа уништени од теророт на озогласениот поранешен директор на тајната служба.

Имаше и поинакви методи, таму каде што немаше насилство имаше уцени, заплашувања, нормално имаше и системски притисок од државните институции кои работеа за „Големиот Братучед“.

На крајот од десет годишното деспотско владеење, неговиот капитал толку многу да се умножи, што тој успеа да ги надмине и најголемите олигарси во земјава.

Со плата од околу 1.000 евра како директор на УБК, Мијалков успеа да изгради империја вредна стотици милиони евра. Во таа империја има огромни градежни компании, банка, транспортна компанија, нафтена компанија, обложувалници, казино, хотел.

Доколку во државава има елементарни закони за потекло на имот, овој поранешен функционер одамна ќе останеше без имот и ќе беше во затвор, но, наместо тоа тој денес е слободен граѓанин кој еве се обидува да презема политички партии.

На сите ни е јасно дека за да си го задржи имотот Мијалков денес одработува за актуелната власт, на која и е еден од најверните коалициони партнери. Токму затоа со овие истрошени кадри тој прави турбуленции во опозицијата, собирајќи во својот „Мериот“ политички деспарадоси, често анонимуси, кои ги лаже дека имаат некакви шанси во нивната партија.

Дали Сашо Мијалков има право да го преземе ВМРО-ДПМНЕ, ќе си одлучат вмровците, тоа нас граѓаните и не ни е така важно. Она што на граѓаните треба да им биде важно е дека тие имаат право да го преземат хотелот „Мериот“, кој Мијалков во изминатите години го користи како своја политичка тврдина.

Тој хотел е наш почитувани читатели! Од темел, преку маркица, до целосна градба и купување на франшиза – тој хотел е изграден со наши пари! Изграден е со пари украдени од два милиони жители на оваа земја кои чесно и макотрпно работеле, додека Сашо Мијалков крадел и им ги преземал бизнисите на чесните луѓе. Додека Сашо со еден телефонски повик договарал тендери за неговата агенција за обезбедување, некој родител одвај ги издржувал своите деца…

Генерално, јас сум голем поддржувач на правото на приватна сопственост, но, во овој случај ете поддржувам национализација. Тој што го изградил овој хотел, не почитувал ниту приватна сопственост, ниту Господ, ниту закони, ниту елементарни морални и етички норми и токму затоа хотелот треба да му биде одземен.

Се разбира, конфискацијата на „Мериот“ ќе мора да почека, затоа што утре веројатно Заев ќе формира влада. Тој сигурно нема да го допре својот „АС“, со кој заедно си ја продолжи шемата која претходно се спроведуваше и му го прости незаконското прислушување на десетици илјади граѓани. Ете С.М има поддршка и од идниот прв „вицепремиер“, со кој се консултираат на кафе во нашиот хотел.

Дури постојам, секаде каде што можам ќе ја заговарам оваа моја програмска определба. Штом Сашо има право како исклучен член да се обидува го презема ВМРО-ДПМНЕ, ние граѓаните како ограбена странка имаме сто пати поголемо право да го преземаме „Мериот“!!!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...