Тоа што „Групер“ е нелиценцирана копија на „Групон“ е чиста измама и покажува дека приказната за успешната кариера на Ангеловска е лага, независно колку пари заработила од истата.

Објавил: Рејхан Бајрами | 31 август, 2019 19:14

ЗЛАТЕВ ЗА НОВАТА МИНИСТЕРКА: “Нина е Портфолио ЖЕНА ИЗМАМНИК со сомнителен бизнис концепт„

Фото/Текст извор: ©лидер.мк

Портфолиото на жената која ни ја претставуваат како нов министер за финансии е портфолио на класичен плагијатор кој може да има проблем со меѓународните закони. Портфолио на жена измамник со сомнителен бизнис концепт, која секогаш длабоко била во спрега со државата и така се пробивала во хиерархијата на нашиот квази-капитализам.

Искрено, не верувам дека постои нормален и стабилен човек кој би сакал неговиот дом да го води жена која прифаќа да биде втор избор.
Нина Ангеловска прифати да биде втор избор, откако антикорупциска му забрани на премиерот Заев самиот да ја обававува функцијата министер за финансии.

Не, ова не е мизогинија (иако многумина веднаш така би оквалификувале), реално постои длабок проблем со жените кои прифаќаат да бидат втор избор (ги викаат и швалерки). Не постои ништо пофеминистичко од овој мој заклучок. Едноставно, не може да биде лидер некој кој прифаќа да е втор избор!
Во случајот на Нина, таа можеби е и седми или осми избор, ако се има предвид дека многумина претходно го одбија премиерот да стапат на оваа функција (помеѓу нив и професорот Ванчо Узунов).
Сепак, мора да се биде искрен и да се призне дека доколку човек ја чита биографијата на Ангеловска, многу тешко дека ќе ја детерминира нејзината општествена субмисивност. Се работи на студент на генерација на е-бизнис на економски факултет, подоцна магистер и доктор на науки. Жена, која од 2011 ja поседува и води успешната компанија „Групер“.
Наизглед, колку и да се сомневате во нејзината способност за водење на макроекономијата, поради богатата биографија би помислиле се работи за една импозантна фигура која без проблем би ја водела државната каса.

Но, позади превезот на интелектуалка која во исто време е успешна бизнисменка, се крие една голема измама! Бизнисот на „Нина Групер“ е целосен плагијат на американскиот „Групон“ (повеќе на следниот линк), што само по себе е проблем од невидени размери. Да украдеш бренд, да му ги ископираш боите и концептот е трагедија на нивото на „Адибас“ патики кои се продаваат на пазарчето во Шутка како замена за „Адидас“.

Тоа што „Групер“ е нелиценцирана копија на „Групон“ е чиста измама и покажува дека приказната за успешната кариера на Ангеловска е лага, независно колку пари заработила од истата.
Берни Медоф своевремено важеше за еден од најуспешните менаџери во финансискиот сектор во САД. Но, по 30 години кариера (во која ја водеше и NASDAQ), кога јавноста откри дека е измамник – тој заврши во затвор.
Нашата Нина, иако целосно откриена во измамата, наместо да седне на обвинителска клупа ќе си седне на министерската фотеља. Замислете Медоф да беше поставен за прв човек на федералните резерви? Тоа е трагедија од исто ниво. Сакаме да бидеме сериозна држава? Со вакви луѓе нема да бидеме никогаш…
На ова се надоврзува и фактот дека Нина ги плаќака дигитиалните маркетери и ит-инжинерите кои работат во нејзината компанија со минимална плата од 12.500 денари. Никој не верува дека човек на такво работно место би прифатил да работи без плата од 700-800 евра, па очигледно е дека таа на вработените им дава пари на рака.
Замислете, жената која најавува прогресивни политики (читај зголемување на даноци), на своите вработени им дава пари на рака за да избегне плаќање на данок. Па добро, има ли крај на оваа хипокризија?

„Групер“ ни го продаваат како успешна приказна, без воопшто да напоменат дека ваквиот бизнис е на граница на законитото и секогаш поддржан од главата на УЈП. Нина, својата е-трговија ја лажира во форма на „попуст“ а својот измислен финансиски дериват кој има име „купон“ – не го даночи со ДДВ.
Ова е чист криминал почитувани читатели, за кој како главен уредник ви ветувам дека „Економски Лидер“ во деновите кои се пред нас, добро ќе истражува.

Како сега Нина ќе промовира поврат на ДДВ преку фотографирање на фискални, кога компанијата која таа ја води не издава фискални? Или правилата не важат за сите, па иако тоа е јасно утврдено во законот, во некои случаи (како оној со „Групер“) крајниот корисник не е тој кој плаќа ДДВ?
Приказната на Нина е приказна на измама, заобиколување на законите и напредок во финансиската хиерархија преку политика (дел е и од скандалот „Фонд за иновации“). Оваа приказна ја уништува Македонија, затоа што е сублимиран опис на се она што ни се случува во последните 30 години. Затоа што не сум мизогиничен, нема да коментирам за нејзината близина со Анѓушев. Тоа си е приватна работа, освен ако во неа не најдеме и јавни финансии.
Како човек кој верува во неолибералните економски политики, не можам да прифатам ваков измамник и политички профитер да ја води касата која јас ја полнам со плаќање на даноци.
Трагедијата на една Нина е трагедија на една Македонија. Која правно веќе ја избришаа. Сега ја осиромашуваат… не, веќе е осиромашена… сега ќе ја доведат до глад!

пишува: Љупчо ЗЛАТЕВ

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...