Златев за пример го посочи Доналд Трамп кој ги обвинува медиумите кои се критички настроени кон него и неговата политика. Се расправа со „CNN“, се расправа со „New York Times“, ги обвинува за ширење на „Fake News“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 февруари, 2020 10:14

Златев: Реагираат на мене бидејќи им ги откривам скандалите!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Новинарот иглавен и одговорен уредник на порталот ЕкономскиЛидер, ЉупчоЗлатев, во емисијата „Заспиј ако можеш“, на ТВ АЛФА,  образложи зошто често пати е во конфликт со актуелната власт. Тој посочи дека СДСМ е уплашена бидејќи има медиуми кои ги разоткриваат нивните скандали па од паника ги напаѓа медиумите и вели дека се антизападни и шират лажни вести, меѓу кои како што вели Златев го вбројуваат и Економски Лидер.

-И јас се почувствував малку прозван во изминатите денови, но по тоа седнав и размислувам и велам добро човек што очекуваш ти, ние им го зедовме здравјето во изминатите две години. Еве само јас ги броев, таксативно имам објавено едно околу 17-18 скандали од кои за 5-6 се зборувало по недела, две дури и месец, а за некои скандали се уште се зборува. Нормално е дека СДСМ вака ќе реагира кон нас, заклучи Златев.

Златев за пример го посочи Доналд Трамп кој ги обвинува медиумите кои се критички настроени кон него и неговата политика. Се расправа со „CNN“, се расправа со „New York Times“, ги обвинува за ширење на „Fake News“.

-Јас немам ниту една вест која е антизападна, а ме прогласуваат за антизападен медиум, нагласи Златев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести