Се верува дека првите три јајца треба да се вапцуваат пред изгрејсонце за да не ги види сонцето...

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 април, 2022 5:37

Знаете ли каква моќ има првото вапцано јајце?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Според старите обичаи во зори на Велики четврток треба да се вапца барем едно црвено јајце, кое ја симболизира крвта господова.

– Првото вапцано јајце му се наменува на Господ и се нарекува Господово јајце.
– Второто вапцано јајце е за домаќинот на семејството.
– Третото вапцано јајце за бериќет и за стоката.

Кaко што останало од порано, првото јајце се трга настрана бидејќи се верува дека тоа има магична моќ, па затоа неговото место е под иконата.

Според народните преданија со првото вацано јајце се лекуваат одредени болести.

Според старите обичаи домаќинката не треба да биде гладна кога започнува со вапцувањето на јајцата. Треба да касне макар еден залак леб, зашто, наводно, доколку вапцува на празен стомак, таквите јајца не носат радост, туку би можело оној што ги вапцува да биде несреќен и болен. 

Домаќинката  штом излезат првите сончеви зраци на Велики Четврток, треба да ги буди најблиските и со првото јајце да им помине по лицата со зборовите: црвено, бело, дебело!  Вапцувањето на јајцата за Велигден е еден од најасоцијативните обичаи за самиот празник, што всушност, претставува симбол на животот и на раѓањето, а црвената боја, со која најчесто се бојат јајцата, ја претставува Христовата крв.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.