Иако Велигден е најголемиот христијански празник врз кој всушност и се темели целата христијанска религија, тој секоја година се празнува на различен датум.

Објавил: Едмонд Бекири | 24 април, 2022 8:36

Знаете ли како се одредува датумот за Велигден?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Велигден е еден од подвижните празници во христијанството и денот на празнувањето е главно различен за секоја година, секогаш е во недела, и главно паѓа во април, а поретко во мај. Пресметувањето на денот на празникот Велигден се заснова врз циклусите на месечината, и дополнително е усложнето со корекцијата на календарот од Јулијански во Грегоријански.

Иако Велигден е најголемиот христијански празник врз кој всушност и се темели целата христијанска религија, тој секоја година се празнува на различен датум. Но дали некогаш сте се запрашале како се одредува датумот за Велигден?

За разлика од денот на Христовото раѓање, Божиќ, кој се определува според соларниот календар, Велигден е врзан со лунарниот календар и токму затоа се определува според првата полна месечина по пролетната рамнодневница. 

Според црковниот собор кој се одржал во Никеја, во 325 година, Велигден во католичката црква се пресметува во периодот помеѓу 22 март и 25 април. Поради тоа што источната, православна црква своите пресметки ги базира на Јулијанскиот календар, Велигден е нешто подоцна. Имено, рамнодневницата според овој календар е на 3 април (според Грегоријанскиот календар кој е во официјална употреба), па затоа Велигден паѓа во периодот помеѓу 4 април и 8 мај.

Велигден или Воскресение Христово — најважниот верски празник во православниот календар. Христијанскитеверници со овој празник го прославуваат воскреснувањето на нивниот бог Исус Христос по неговата смрт со распнување околу 27-33 година н.е. Тоа се случило на третиот ден по неговата смрт, сметајќи го и денот на смртта т.е. првиот ден недела по Велики петок.

Сите христијани на тој ден се поздравуваат со поздравот „Христос воскресна“ на што се одговара „Навистина воскресна“.

На велики Четврток,се вапсуваат првите три јајца.Првото јајце е посветено на Бога,второто на домаќинот на куќата,и третото за бериќет и среќа.Тогаш не смее да се вапсува други јајца.На тој ден Исус го фатиле.

На велики Петок е строгиот пост.Правилниот пост е само да се пијат течности поточно вода,чај итн. На тој ден Исус го распнуваат.Христијаните во тоа време постеле од жалост.Бидејќи јадењето претставувало задоволство тие сметале дека не треба да јадат.

На велика Сабота Исус веќе умира.

Тогаш навечер се оди во црква и некаде кај 00:00 часот се кружи околу црквата, а пак по 00:00 часот се ‘кршиме’ со јајца. 

Во неделата се мрси. На тој ден Исус воскреснува.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Религија

Се верува дека историскиот, социјалниот и политичкиот подем на Русија на светската сцена дојде со нејзиното  пристигнување во Русија и затоа оваа држава има водечка улога во православниот свет.

ОВАА ИКОНА НА МАЈКА БОГОРОДИЦА ТРИ ПАТИ ЈА СПАСИЛА РУСИЈА: Таа е заштитник на Русите!!

Иконата на Богородица Владимирска е една од најпочитуваните и светите икони на Православната...