Сите видови на притисоци и закани кон новинарите и медиумските работници негативно се одразуваат на слободата на изразување и креираат ефект на самоцензура!

Објавил: Владо Марин | 24 јули, 2020 15:25

ЗНМ: Итно да се истражи нападот врз новинарот Љупчо Златев

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Здружението на новинарите на Македонија остро го осудува нападот кој се случил вчеравечер во еден скопски локал врз новинарот и уредник на Лидер, Љупчо Златев. Тој веднаш по инцидентот го пријавил случајот во полиција, по што е направен записник од страна на полициските службеници.

Бараме од Министерството за внатрешни работи итно да ги истражи мотивите за нападот како и лицата кои биле вклучени во инцидентот. Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство само преку брза постапка ќе покажат дека постои волја за расчистување на случаи во кои има напади врз новинари.

Со тоа ќе се придонесе кон обесхрабрување на идни напади, а и ќе се подобри степенот на безбедност на новинарите и медиумските работници.

Сите видови на притисоци и закани кон новинарите и медиумските работници негативно се одразуваат на слободата на изразување и креираат ефект на самоцензура

Очекуваме од идната влада сериозно да се зафати со креирање на безбедна работна средина за новинарите како еден од најважните предуслови за слободно новинарство, се вели во соопштението!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести