Јовановски и Милевски се уште не го посетиле обивнителството. Тие најверојатно ке бидат испрашувани на крај кога обвнителството ќе ги собере сите материјални докази и сведочења.

Објавил: Рејхан Бајрами | 31 јули, 2019 16:04

ЗОКИ КИЧЕЕЦ ИТНО ПРЕНЕСЕН НА КЛИНИКАТА ЗА ДИГЕСТИВНА ХИРУРГИЈА!

Фото/Текст извор: ©телма

По Боки 13-ка и Зоки Кичеец ги посети хируршките клиники.

Телма дознава дека попладнево Зоран Милевски од затворот во Шутка бил спроведен на клиниката за дигестивна хирургија.

Извори на Телма од Кривичен потврдија дека на барање на затворскиот доктор бил одобрен преглед на Милевски, но не откриваат какви здравствени проблеми има осомничениот од аферата Рекет ниту на која клиника е однесен.

Пред два дена и првооосмничениот во Рекет Боки 13 беше спроведен на скопските клиники на испитувања кои биле потребни по претходно закажан оперативен зафат и попладнето беше вратен во Шутка.

Според неофицијалните информации Бојан Јовановски претходно имал закажано зафат во приватна болница, но самиот барал да се префрли на државно затоа што таа болница е поврзана со сведокот од случајот Рекет.
Јовановски и Милевски се уште не го посетиле обивнителството. Тие најверојатно ке бидат испрашувани на крај кога обвнителството ќе ги собере сите материјални докази и сведочења.
Во мегувреме завршија двете вештачења на телефоните на специјалната обвинителка Јанева.
Интересно е тоа што вториот телефон кој беше пронајден кај сестрата на девојката на синот на Јанева, бил комплетно форматиран и со нов ај клауд. Според извори на Телма блиски до истрагата и двата телефони кои беа запленети во истрагата Јанева ги земала преку СЈО но на прашањата од Телма упатени до ова обивнителство не добивме одговори даи форматираниот телефон пред да го даде на друго лице го користела како службен телефон ниту кога го дала тој телефон и почнала да го користи новиот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести