Ти ја напиша вистината серџо, боки вработи 120 души, но никој тоа не го спомнува, као да е небитно, силен е тој, ќе го преживее и ова, тој е модерниот робин худ,

Објавил: admin@magazin | 20 август, 2019 15:19

Зоки Фаци за “Рекет”: Боки 13 е модерниот Робин Худ, вработи 120 души, но никој тоа не го спомнува, као да е небитно!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Зоран Василевски, во јавноста познат како Зоки Фаци, кој е вработен во 1ТВ, напиша емотивна порака за својот шеф и другар Бојан Јовановски, кој моментално се наоѓа во притвор за случајот рекет.

Зоки Фаци, во коментар на роденденска честитка која неговиот колега Сергеј Варошлија ја упати до Боки 13, вели дека нивниот пријател е модерен Рибин Худ кој вработил 120 луѓе. Исто така во пораката напомна да не заборавиме само на колку луѓе им помогнал Боки 13.

Ти ја напиша вистината серџо, боки вработи 120 души, но никој тоа не го спомнува, као да е небитно, силен е тој, ќе го преживее и ова, тој е модерниот робин худ, да не заборавиме само на колку луѓе им помогна, за мене е херој, не знам за другите, среќен да му е роденденот, напиша Василевски на Фејсбук.

Боки 13 и Зоки Кичеец, според прибраните докази, убедувале осомничено лице во истрага на СЈО, дека се поврзани со јавниот обвинител кој ја води истрагата, дека можат да ја олеснат постапката.

– Истражната постапка се води затоа што во периодот од месец ноември 2018 година до месец април 2019 година, првоосомничениот искористувајќи го своето влијание врз јавен обвинител, влијаел да се изврши дејствие со кое во истражна постапка ќе се олесни положбата на едно осомничено лице во таа постапка, а второосомничениот битно придонел со тоа што договарал континуирани средби и воспоставување меѓусебен контакт на првоосомничениот со сопругата на осомничениот во таа постапка и лично со осомничениот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.