Дополнително, за нов секретар за меѓународна соработка на СДСМ е избран Бојан Маричиќ, кој е национален координатор за европски интеграции во Владата.

Објавил: admin@magazin | 28 декември, 2019 11:38

ЗОРАН ЗАЕВ: Владата е во сигурни раце до победата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

СДСМ едногласно на политичка координација, на ИО и на ЦО, донесе одлуки за четири кадровски решенија со кои ќе ја водиме преодната влада, која ќе трае сè до формирањето на политичката влада, напиша на социјалните мрежи премиерот Заев.

За претседател на преодната влада е избран Оливер Спасовски, досегашен министер за внатрешни работи.
За потпретседателка на владата за економски прашања избрана е Мила Царовска, досегашна министерска за труд и социјална политика.

За дополнителна заменичка-министерка во МВР избрана е Славјанка Петровска, досегашен шеф на кабинетот на министерот Спасовски, а за дополнителна заменичка-министерка во Министерството за труд и социјална политика избрана е Санела Шкријељ, досегашен шеф на кабинетот на министерката Мила Царовска.

Дополнително, за нов секретар за меѓународна соработка на СДСМ е избран Бојан Маричиќ, кој е национален координатор за европски интеграции во Владата.

Владата е во сигурни раце до победата, ова го напиша доцна синоќа премиерот Заев на Фејсбук.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.