Македонија нема да добие датум за преговори со ЕУ поради енормниот криминал, што владее откако СДСМ дојде на власт.

Објавил: Перо Милчин | 15 јуни, 2019 10:17

Зоран Заев е најголемиот криминалец во Република Македонија!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Зоран Заев е најголемиот криминалец во Република Македонија, пишува во соопштението ВМРО ДПМНЕ. Тие велат дека Македонија нема да добие датум за преговори со ЕУ поради енормниот криминал, што владее откако СДСМ дојде на власт.

Зоран Заев е најголемиот криминалец во Република Македонија. А, СДСМ може да говори за одговорност кога Заев ќе си замине од власт.

Доколку СДСМ сака да покаже морална одговорност, треба нивниот лидер Зоран Заев да поднесе оставка од премиер поради „Евро за Вицето, евро за црквата“, матно доделување земјиште на семејството и уште многу криминали кои ги спроведе изминативе две години.

Македонија нема да добие датум за преговори со ЕУ поради енормниот криминал, што владее откако СДСМ дојде на власт. Поради тоа местото на Зоран Заев не е во политика, туку во затвор, каде што ќе одговара за своите криминали по враќањето на правната држава.

За доброто на граѓаните и Република Македонија метлата треба да заигра што поскоро и тоа да почне од Зоран Заев“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, реагираше ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ во кое се бара оставки на пратениците на опозицијата.

Вчера СДСМ соопшти дека Мицкоски молчи и не сака да ги повика пратениците на ВМРО ДПМНЕ, за кои се водат судски постапки за сериозни кривични дела, да дадат оставки. Мицкоски во белиот дворец чека наредби од својот шеф, а во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, сѐ уште седат пратеници против кои се водат судски процеси за сериозни кривични дела.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.