Во шоуто „Еден на Еден“, кое ќе се емитува во недела, на Канал 5 од 18.30, Заев на Жаре му открил многу лични приказни, велат од Продукцијата.

Објавил: Владо Марин | 19 февруари, 2020 6:58

Зоран Заев: Живеам како студент во Скопје, се хранам со паштети, виршли и салама

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот премиер Зоран Заев вели дека е азилант во Скопје и живее сам во премиерската вила.

Во шоуто „Еден на Еден“, кое ќе се емитува во недела, на Канал 5 од 18.30, Заев на Жаре му открил многу лични приказни, пишува Слободен печат.

– Живеам како студент во Скопје. Моето семејство е во Струмица и секој викенд одам кај нив. Имам две жени што ми помагаат дома, но тие се на работа до 16 часот, потоа сум сам. Не знам да зготвам ништо. Не знам ни лепчиња да пржам – изјавил Заев.

На прашањето на Жаре, како се храни, тој рекол: „Јадам што има во фрижидерот, паштета, салама, виршли“. Заев зборувал и за семејството, за детството во Муртино и за својата прва работа од која ги заработил првите пари.

Под мотото „Чекориме за правда за сите“ СДСМ пред два дена маршираше од Собранието кон Кривичниот суд. Маршот го водеше претседателот на партијата заедно со партискиот врв.
Маршот беше поддршка за пратениците кои гласаа за донесување на законите за Јавно обвинителство и за Совет на јавни обвинители.

-Вие Граѓаните со право сте незадоволни од правниот систем. И јас како индивидуа, но и сите ние во СДСМ не сме задоволни од испорачаното во областа на правната држава. Затоа решивме дека ни е потребно правосудство кое ќе одлучува и носи правда, а не правосудство кое застарува предмети, рече Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.