Во 2017 Заев: Ова е политичка манипулација од страна на нашиот политички опонент којшто сака да го дефокусира вниманието . 2019 Македонија има план – на бегалците им нуди домување, образование, вработување.

Објавил: Македонка Димкин | 18 март, 2019 19:33

Зоран Заев со нов план за живот, мигрантите се на пат, се чека само погоден момент?

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Националната телевизија Алфа со прашање до владата: Дали последните препораки од американската фондација УСАИД за интеграција на мигрантите кои ќе побараат да останат на македонска територија и алармот на експертите  за безбедноста по транзит рутата, треба да донесе загриженост и за македонските институци

Oдговор на ова прашање ТВ Алфа побара од Илинденска бр.2, но оттаму не препратија во ресорното министерство за труд и социјала од каде велат дека нема да ги коментираат насоките,бидејќи немале удел во изработката на видеото. Но потврдуваат дека преку Центарот за интеграција лицата кои аплицираат им се обезбедува домување и сместување, образование, вработување и заштита, согласно Законот за меѓународна и привремена заштита.

» Во рамките на Центарот за интеграција, лицата кои што аплицираат за локална интеграција се асистирани во процесот преку изработка на Планови за локална интеграција  во кои што се предвидуваат активности во повеќе сектори и тоа: домување и сместување; образование и обука; вработување и стручно оспособување; здравствена заштита; социјална заштита и општествена интеграција. Сите права и обврски на лицата со признаено право на меѓународна заштита се определени во Законот за меѓународна и привремена заштита и се врзани со типот на заштита кој што лицата го остваруваат (лица под супсидијарна заштита или лица признаени бегалци), одговорија од МТСП за Алфа.

На почетокот на септември 2017 годиина Зоран Заев сметаше дека референдумите од неколку општини за изградба на станови за бегалци најавени за денот на локалните избори се политичка манипулација за дефокусирање на вниманието на граѓаните во пресрет на изборите.
“Македонија не е толку добра земја за да останат бегалците овде. Дај боже да е добра земја, тогаш ќе имаат аспирации да останат. Ова е политичка манипулација од страна на нашиот политички опонент којшто сака да го дефокусира вниманието на граѓаните во пресрет на локалните избори и тоа го прават се’ со конечна цел исплашени дека ќе ги загубат и општините”, изјави Заев одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Велес.
Премиерот рече дека ако преку мнозинството во поголемиот дел од општините биде спроведен рефверендум за забрана за отворање кампови во Македонија, на нив ќе гласа и СДСМ со што 100 проценти ќе се покаже дека ќе нема кампови.
“Ставот на СДСМ ќе го изразам заедно со коалициските партнери и тоа ќе биде многу логичен и едноставен за баналноста на оваа политика да ја доведеме до апсурдност. А тоа ќе значи дека и ние ќе го подржиме референдумот. СДСМ ќе гласа на тој референдум и ќе биде 100 проценти дека ќе нема кампови. Тоа само по себе потврдува дека е само лага постапката дека некој сака да ја заштити Македонија од отворање кампови за бегалците”, потенцираше Заев.

Експертите за безбедност предупредуваат – иако со намален интензитет, балканската рута функционира, а најновите препораки носат и страв од инфилтрирани  структури поврзани со терористичките организации. Спорно е дали и дали имаме државен апарат кој може да ги социјализира овие лица.

Според видеото, мигрантите најпрво ќе треба да им биде обезбедено дом, образование и вработување, здравствено осигурување. Оние кои се стекнале со статус на лице под заштита загарантирано добиваат сместување кое ќе им биде платено две години, додека сам не си обезбеди свој дом. Ако мигрантите пак бидат дел од програмите за интеграција на УСАИД Северна Македонија може да добиваат средства за домување и повеќе од две години, пренесува Алфа.

Според УСАИД и макеонското  Министерство за образование веќе изготвувало програми за изучување на македонскиот јазик за полесна комуникација на мигрантите со институциите и околината. Оние кои ќе се пријават во Агенцијата за вработување добиваат и загарантирано здравствено осигурување и социјална заштита. Во конечната фаза е и добивањето на државјанство, во која според УСАИД Северна Македонија, мигрантите стануваат рамноправни како и Македонците.

До денеска во трите прифатни центри сместени се 62 лица баратели на азил од кои 20 малолетници. Во Македонија во моментов престојуваат и 99 семејства кои се вклучени во процесот на интеграција од кои дури 97 се бегалци од косовската криза. Европската статистичка агенција Евростат според последните информации измери дека лани во земјите членки на ЕУ 580.000 лица побарале азил. Најголем број од нив побарале да останат во Германија, Франција, Шпанија и Италија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести