Владата на Република Македонија за предлогот на Спасовски за разрешување на Велковски ќе расправа во вторник

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 август, 2018 6:07

Зоран Јовановски Челик е еден од можните наследници на Лазе Велковски во БЈБ при МВР

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Зоран Јовановски Челик е еден од можните наследници на Лазе Велковски директорот на Бирото за јавна безбедност [ БЈБ ].

И дека од Владата се чека да соопштат кога ќе се расправа за разрешувањето на Велковски по скандалот со злоупотребата на неговиот службениот автомобил за превезување на неговата ќерка во Грција се шпекулира дека генералот во пензија Јовановски е во игра за челното место на БЈБ.

Од она што се знае Јовановски целиот работен век го поминал во безбедносните служби а последната работна позиција пред да отиде во пензија во 2017 година му била началник на Единицата за известување и командување [ ЕИК ].

Јовановски кој меѓу своите колеги е познат под надимакот Челик важи за голем професионалец а една деценија работел и како специјалец. Учествувал и во воениот конфликт во 2001 година при што бил ранет во Ваксинце. Токму затоа Јовановски влегол во игра а како што велат неговите колеги нема човек во МВР кој за него не дал високо мислење и почит.

Инаку и актуелниот директор Велковски целиот работен век го поминал во МВР но на пат е да ја изгуби директорската позиција поради неодамнешниот скандал за кој се правдал дека го направил поради заканите по живот кој ги добивал за својата ќерка.

Велковски дипломирал на Факултетот за безбедност – дипломиран криминалист. Вработен е во Министерството за внатрешни работи од 1-ви март 1991 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.