„Донесовме јасни и недвосмислени законски решенија со коишто се спречува насилството и се штитат жените жртви на насилство, рече Заева во Букурешт.

Објавил: admin@magazin | 30 мај, 2019 11:19

Зорица Заева од Букурешт: „Кога жените губат – сите губиме“

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Зорица Заева учествуваше на конференција „Улогата на жените во модерното општество – помеѓу јакнење, лидерство и родовата дискриминација“ која се одржа во Букурешт, на покана на романската премиерка Виорица Данчила.

Во обраќањето г-ѓа Зорица Заева во Букурешт, изјавуваше за статусот на жените во Република Македонија, како и за заложбите кои Владата на Република Македонија ги презема за намалување на насилството врз жените и девојките.

Таа рече дека се донесени јасни и недвосмислени законски решенија, со кои што се спречува насилството и се штитат жените кои се жртви на насилство.

Конференцијата која се одржа во Букурешт, имаше голем фокус на стратешките европски и меѓународни документи кои на краток и поголем долг рок работат во голема насока на елиминација на родовата дискриминација и нееднаквост.

„Донесовме јасни и недвосмислени законски решенија со коишто се спречува насилството и се штитат жените жртви на насилство. Ја ратификувавме Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство, така наречената Истанбулска конвенција. Ги унапредуваме сите потребни услуги за поддршка и заштита на жените жртви на насилство. Кога жените губат – сите губиме“, истакна Зорица Заева на конференцијата во Букурешт.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести