Една од најкоментираните теми во јавноста е токму законот за ЈО, но зошто Груевски кој обично има став за се, не се огласи околу ова?

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 13 февруари, 2020 11:10

Зошто Груевски нема став за предлог законот за Јавно Обвинителство

Фото/Текст извор: ©магазин

Една од најкоментираните теми во јавноста е токму законот за ЈО. Скоро една година во јавноста се дебатира за предлог законот за ЈО и од страна на обичните граѓани, но и од страна на експертите. Законот за ЈО требаше да биде конституиран врз база на коментарите и сугестиите на експерти по право. На тој начин требаше да се избегнат скандали околу функционирање на ЈО, како и на СЈО кои како јавност ги следевме изминатите неколку години. И наместо да се обезбеди казна за оние кои учествуваа во криминални активности, по се изгледа законот за ЈО се претвора во политичка игра. Со однос на вмешаноста на политичарите во криминални дела и нелегално набавување на финансии, законот за ЈО ќе треба да обезбеди меѓу останатото и амнестија на одговорноста на политичарите за нивните дела. Особено спорен е член 110 од предлог закон за ЈО во кој се наведува, парафразирам – дека незаконски набавени материјали (преку преслушкување или снимки направени без дозвола на оној што е снимен) не може да бидат основа за покренување на обвинителниот акт. Ова ставка има ретрограден карактер и освен што важи за обвинителните акти во иднина, таа важи и за оние обвинителни акти од минатото кои биле покренати врз база на доставени материјали.

Кој и зошто набавува прислушкувани материјали?

Сведоци сме дека во изминатите неколку години смената на власта ја правеа токму „бомбите“ во кои можевме да разбереме за криминалната мрежа и корумпираноста на системот. Прво „бомбите“ што придонесоа за менување на власт во 2013 година, во кои се наслушавме за притисоците на „братучедот“ Мијалков и неговата блиска соработка со новинари, судии и јавни обвинители, а потем и на тогашниот премиер Никола Груевски и неговата министерска банда. Потем, со промена на власта дојде редот за нови „бомби“, во нив слушавме за вмешаноста на политичарите во најсрамните случаи на криминал, во јавноста познати како „Рекет“. Во овој случај постоеше вмешаност на новинари, сопственици на ТВ куќи, шефицата на СЈО, министри како Ременски на пример, а се шпекулира дека постои доказ за директната вмешаност на Зоран Заев и Вице Заев во случајот „Рекет“. Разликата помеѓу ширењето на „бомбите“ во првиот и во вториот случај се состои во тоа што  тогашната опозиција СДСМ зад „бомбите“ застана како партија, додека ВМРО – ДПМНЕ мудро и перфидно ги пушта незаконските материјали преку своите продолжени раце – медиумите и нивните новинари потрчковци. Трнливо прашање е како се набавени сите тие материјали? Дефинитивно се противуставни и противзаконски, но кому му одговара да се случува промена на власт преку пласирање на корумпирачки материјали до опозиционерите? Овие прашања ќе останат во свеста на сите нас, се додека не се открие вистината. Но покрај потеклото на материјалите и вмешаноста на странските сили во владеењето со Македонија, пострашен феномен е амнестијата од одговорност на сите криминалци што ја обезбедува предлог законот за ЈО.

Член 110 од предлог законот за ЈО во моментов најмногу штити три актери: Никола Груевски, Сашо Мијалков и секако Зоран Заев

За нив троица постои доказ кој е осветлен од окото на јавноста дека се длабоко вмешани во корупцијата на

Пукај бе братучед, пукај!

овој систем, но и да нелегално прибавувале финансии, вршеле притисоци, криеле убиство и уште многу други ставки за кои треба кривично да одговараат. Ако актуелниот предлог законот за ЈО стапи на сила, тоа автоматски значи мир за Груевски, Мијалков и Заев бидејќи нема да бидат третирани на одговорност. Спорноста на овој закон, покажува дека правото скоро секогаш се силува ставајќи се во служба на интересите на олигархијата. Испреплетеноста на политичката, економската и воената моќ обезбедува едни исти луѓе и фамилии да бидат вечно во трка за смена на власт. Ситуацијата со смена на власт во Македонија можете да ја споредите аналогно со смената на нарко картелите во Сицилија. Ништо поблагородни и поетички методи за доаѓање на власт не користат ни нашиве моќници. Како што успеавме да видиме се служат со убиства, закани, уцени, притисоци, соработки со инстанци кои треба да имаат слобода и автономија.

Да се верува дека граѓаните одлучуваат е наивна приказна која треба да обезбеди легалитет на изборите и граѓански мир заснован на илузијата дека и ние нешто се прашуваме

Освен тоа што не одлучуваме скоро за ништо, имаме и тесно поле за избор. Просто не се знае кои од тие две „завојувани“ зла е помало, а за жал ние ја немаме привилегијата да избираме помеѓу добро и подобро, туку помеѓу зло и помало зло. Груевски имаше став за многу отворени прашања и транспарентно го изнесуваше на својот ултра популарен фејсбук профил. Имаше став за прогресивен данок, за лустрацијата, дури и за Гоце Делчев дали бил Бугарин или Македонец. Но не се огласи за најдискутираната тема во јавноста во изминатата година. Уште се прашувате зошто? Затоа што на големиот „патриот“ и доброчинител за Македонија – Никола Груевски за прв пат му одговара да се најде во заедничко друштво со својот голем ривал Зоран Заев, во друштвото на амнестираните од одговорност за своите криминали!

Автор: Магдалена Стојмановиќ

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...